Услови за користење на Tinder
Важат од 1 март 2026 г. преземи ги овие Услови на користење како PDF
Еве кратко резиме на Условите за користење.
Претплатници од Калифорнија: Може да ја откажете претплатата, без казна или обврска, во секое време пред полноќ на третиот работен ден по датумот на претплатување.
Претплата преку надворешна услуга: Ако сте се претплатиле користејќи надворешна услуга (на пр. Apple ID, Google Play), мора претплатата да ја откажете преку надворешната услуга, како што е подетално наведено во Дел 8 (а).
Поврат на средства од Apple ID: Ако сте се претплатиле со Apple ID, за барањата за поврат на средства решава Apple, не Tinder. Може да побарате поврат на средства од Apple преку корисничката сметка на Apple ID на телефонот или на https://getsupport.apple.com.
Сите други поврати на средства: Сите други корисници може да побараат поврат на средства така што ќе се обратат до Службата за корисници на Tinder преку Центарот за помош или ќе пратат или ќе достават потпишано и датирано известување во кое се наведува дека вие, купувачот, го откажувате овој Договор или некоја слична формулација. Внесете ги и вашето име и адресата на е-пошта, телефонскиот број или друг единствен идентификатор што сте го користеле за да ја регистрирате корисничката сметка.
Податоци за контакт за откажување/известувања: Tinder, За: Cancellations, P.O. Box 25472, Dallas, Texas 75225, USA.
Деловна адреса: Дејноста на компанијата се врши, делумно, на 8750 N. Central Expressway, Suite 1400, Dallas, TX 75231.
Прашања за условите: Овие Услови за користење („Услови“) може да ви бидат пратени по е-пошта ако пратите писмо до Terms Inquiries, P.O. Box 25472, Dallas, Texas 75225, USA.
Жалби од потрошувачи од Калифорнија: Во согласност со Граѓанскиот законик на Калифорнија §1789.3, може да поднесете жалба до Единицата за помош за жалби на Одделението за услуги на потрошувачи при Калифорниската управа за прашања на потрошувачи со тоа што ќе се обратите писмено до Consumer Information Division, 1625 North Market Blvd., Suite N112 Sacramento, CA 95834 или телефонски на (800) 952-5210.
Забелешка: На почетокот на неколку делови додадовме кратки резимеа за да ви биде полесно да го прочитате и разберете овој Договор. Резимеата се дадени за ваши потреби и претставуваат дел од, но не ја заменуваат, содржината на секое поглавје, па сепак треба целосно да го прочитате секое поглавје.
1. ВОВЕД
Со пристапувањето или користењето на услугите на Tinder, се согласувате да бидете обврзани со овој Договор за условите за користење (во натамошниот текст: „Условите“ или „Договорот“), вклучувајќи ги и Политиката на приватност, Политиката за колачиња, Правилата на заедницата и Советите за безбедност, затоа е важно внимателно да ги прочитате овој Договор и овие политики и процедури пред да создадете корисничка сметка.
РЕШАВАЊЕ СПОРОВИ: ВНИМАТЕЛНО ПРОЧИТАЈТЕ ГИ ОДРЕДБИТЕ ЗА РЕШАВАЊЕ СПОРОВИ ВО ДЕЛ 15 ПОДОЛУ. СО НИВ СЕ УРЕДУВА НАЧИНОТ НА КОЈ ЌЕ СЕ РЕШАВААТ СПОРОВИТЕ ПОМЕЃУ ВАС И TINDER.
ЧЛЕН 15 БАРА, СО ОГРАНИЧЕНИ ИСКЛУЧОЦИ, СИТЕ СПОРОВИ МЕЃУ ВАС И TINDER ДА СЕ РЕШАВААТ ПРЕКУ ОБВРЗУВАЧКА И КОНЕЧНА АРБИТРАЖА, ВКЛУЧИТЕЛНО И СПОРОВИ POВРЗАНИ СО ПОДОБНОСТА ЗА АРБИТРАЖА. ЧЛЕНОТ 15 ВКЛУЧУВА И ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ПРЕДАРБИТРАЖЕН ПРОЦЕС НА НЕФОРМАЛНО РЕШАВАЊЕ СПОРОВИ, ИЗБОР НА СУД ЗА МАЛИ ПОБАРУВАЊА, ОТКАЖУВАЊЕ ОД КОЛЕКТИВНА ТУЖБА, ОТКАЖУВАЊЕ ОД СУДЕЊЕ СО ПОРОТА И ДОПОЛНИТЕЛНИ ПОСТАПКИ ЗА МАСОВНА АРБИТРАЖА КОИ ВЛИЈААТ ВРЗ ВАШИТЕ ПРАВА. КАЈ АРБИТРАЖАТА, ОБИЧНО ИМА ПОМАЛКУ ДОКАЖУВАЊЕ И ВТОРОСТЕПЕНА ПОСТАПКА ОТКОЛКУ КАЈ СУДОТ.
Може да ги ажурираме овие Услови одвреме-навреме, затоа редовно проверувајте ја оваа страница за ажурирања.
Договорни субјекти: Добро дојдовте на Tinder.
Ако живеете во Европската економска област, Обединетото Кралство или во Швајцарија, овие Услови за користење се склучени помеѓу вас и: MTCH Technology Services Limited ("MTCH Technology") 10 Earlsfort Terrace Dublin 2, D01 T380 Ireland
Доколку живеете во Јапонија, овие Услови за користење важат помеѓу Вас и: MG Japan Services GK ("MG Japan") Sumitomo Fudosan Azabu Bldg. 1-4-1 Mita Minato-ku, Tokyo 108-0073 Japan
Ако живеете на друго место, овие Услови за користење важат помеѓу вас и: Tinder LLC ("Tinder") 8750 North Central Expressway, Suite 1400 Dallas, TX 75231, USA
Термините „нас“, „ние“, „Компанија“ и/или „Tinder“ се однесуваат на MTCH Technology, MG Japan или Tinder во зависност од земјата на живеење. Заедно, вие и Тиндер може да се нарекувате „страни“ или одделно „страна“. Како што се користат во овој Договор, термините „Tinder“, „нас“, „нè“, „ние“, „нам“, „ни“, „компанијата“ и „нашата“, „нашиот“, „нашето“, „нашите“ се однесуваат на Tinder LLC и/или на MTCH Technology Services Limited, како што е соодветно.
Со пристапувањето или со користењето на услугите на Tinder.com ( „веб-локацијата“), на мобилната апликација Tinder („апликацијата“) или на кои било други платформи или услуги што може да ги понуди Tinder (заедно, „услугата“ или „услугите“), се согласувате на и сте обврзани со овој Договор. Овој Договор се однесува на секој кој пристапува или ги користи услугите, без оглед на статусот на регистрацијата или на претплатата.
За вашиот пристап и користење на услугите важат и Политиката на приватност, Политиката за колачиња, Правилата на заедницата и Советите за безбедност, како и сите услови што ви се прикажани и на кои сте се согласиле кога купувате дополнителни функции или услуги од Tinder („Дополнителни услови при купување“), кои се вградени во овој Договор со упатување. Доколку не сакате да бидете обврзани со овој Договор, не пристапувајте до и не користете ги услугите.
Задолжителни функции: Го задржуваме правото да воведеме задолжителни функции во која било фаза од користењето на услугите. Овие функции може да бидат дизајнирани така што ќе ја подобрат функционалноста, сигурноста, безбедноста или целокупното корисничко искуство на услугите. Бидејќи овие функции се задолжителни, доколку не сакате да ги користите, може да го изгубите пристапот до корисничката сметка или ќе мора да ја укинете како што е наведено во Дел 9.
Промени на условите: Овие услови може да се променат одвреме-навреме. Известувањето за материјални промени ќе биде објавено на оваа страница со ажуриран датум на стапување во сила. Може да ве известиме за промена на Условите преку е-пошта, преку известувања во рамките на апликацијата или на друг начин; сепак, редовно треба да ја проверувате оваа страница за промени. Сè до границата што е дозволена со важечкиот закон, продолжениот пристап или користењето на услугите по датумот на стапување во сила на Условите значи дека се согласувате со сите промени и како резултат на тоа, законски сте обврзани со новите услови. Ако не прифаќате некоја промена на Условите, мора веднаш да престанете да пристапувате до или да ги користите услугите.
Без оглед на горенаведеното, за сите материјални промени во Ограничување на одговорност во Дел 14 и во одредбите за решавање спорови во Дел 15, или кога тоа го бара законот, ќе биде потребно ваше афирмативно прифаќање. Понатаму, во согласност со важечкиот закон, го задржуваме правото да ја промениме достапноста на функциите во пакетите за претплата на секаков начин и во секое време, како што ќе одлучиме по свое дискреционо право.
2. ПОДОБНОСТ ЗА КОРИСНИЧКА СМЕТКА; ВАШИТЕ ОБВРСКИ
Пред да создадате корисничка сметка на Tinder, проверете дали ги исполнувате условите за користење на услугите. Овој дел, исто така, утврдува што може и што не може да правите кога ги користите услугите, како и правата што му ги давате на Tinder.
2 (а). Подобност
Немате овластување да создадете корисничка сметка или да ги користите услугите освен ако сето од следново не е вистинито и ако со користењето на услугите, тврдите дека е точно и гарантирате дека:
сте физичко лице (т.е. дека не сте корпоративно тело, партнерство или друг деловен субјект) на возраст од најмалку 18 години;
сте законски квалификувани да склучите обврзувачки договор со Tinder;
не сте лоцирани во земја што подлежи на ембарго од Владата на САД или што е означена од американската влада како земја „поддржувач на терористи“;
не сте на ниту една листа на лица на кои им е забрането да влезат во деловни односи со Соединетите Американски Држави (на пример, на списокот на специјално назначени државјани од американското Министерство за финансии или некоја слична листа на некоја владина агенција) ниту се соочувате со друга слична забрана);
не ви е забрането со закон да ги користите услугите;
не сте извршиле, не сте биле осуден/а или не сте се изјасниле за виновен/а за никакво кривично дело што вклучува насилство, закана за насилство или сексуално престапување.
од вас не се бара да се регистрирате како сексуален престапник во ниту еден државен, федерален или локален регистар на сексуални престапници;
немате други активни кориснички сметки на услугите; и
ние или нашите поврзани фирми претходно не сме ви го забраниле користењето на нашите или на нивните услуги, освен ако немате наша изречна писмена дозвола да создадете нова корисничка сметка.
Ако во даден момент престанете да ги исполнувате овие барања, сите овластувања за пристап до услугите или до системите автоматски се одземаат и мора веднаш да ја избришете корисничката сметка, а ние го задржуваме правото да ја избришеме корисничката сметка и да го отстраниме пристапот до услугите без предупредување по свое видување.
2 (б). Ваши одговорности
Се согласувате:
да ги почитувате овие услови и да ја проверувате оваа страница одвреме-навреме за да бидете сигурни дека сте свесни за сите измени;
да ги почитувате сите важечки закони, вклучително и без ограничување, законите за приватност, законите за интелектуална сопственост, законите за борба против несакана електронска пошта и регулаторните барања;
да ја користете најновата верзија на веб-локацијата и/или на апликацијата;
да се однесувате кон другите корисници пристојно и со почит, и на Услугите и надвор од нив;
да се однесувате со почит кога комуницирате со некој вработен од тимот за корисничка поддршка или со друг вработени лица;
да ги разгледате Советите за безбедност;
да ги разгледате и да ги почитувате Упатствата за заедницата, како што се ажурираат одвреме-навреме; и
да преземете разумни мерки за да ја заштитите безбедноста на корисничката сметка и информациите за најавување.
2 (в). Забрането однесување
Се согласувате дека нема:
погрешно да ги претставувате својот идентитет, возраст, вработување (сегашно или претходно), квалификации или поврзаност со некое лице или субјект;
да ги користите услугите на начин со кој се предизвикува штета за услугите или се спречува други корисници да ги користат;
да ги користите услугите на начин со кој се мешате, ја попречувате или негативно влијаете врз платформата, серверите или врз мрежите на услугите;
да ги користите услугите за никаква штетна, незаконска или злонамерна цел, вклучувајќи, меѓу другото, користење виртуелни ставки заради перење пари или други финансиски злоупотреби;
да вознемирувате, малтретирате, демнете, заплашувате, напаѓате, клеветите, повредувате или на друг начин злоупотребувате или повредувате некое лице;
да објавувате или споделувате забранета содржина (види подолу);
да барате лозинки за која било цел или информации за лични идентификација за комерцијални или незаконски цели од други корисници или да ширите лични информации на друго лице без негова дозвола;
да барате пари или други вредни предмети од друг корисник, без разлика дали станува збор за подарок, заем или форма на компензација;
да користите корисничка сметка на друг корисник или да ја споделите својата корисничка сметка со друго лице;
да ги користите услугите во врска со измама, пирамидална шема или друга слична практика;
да ги користите услугите во врска со финансирање на некаква политичка кампања или со цел да влијаете врз избори, освен за споделување на своите лични политички гледишта;
да ги прекршувате условите на лиценцата што ви ја дал Tinder (види Дел 6 подолу);
да откривате приватни или лиценцирани информации што немате право да ги откриете;
да копирате, менувате, пренесувате, дистрибуирате или создавате какви било изведени дела од содржината на членовите или од наша содржината или каков било материјал, слики, трговски марки, трговски имиња, ознаки на услуги, заштитени со авторски права или друга интелектуална сопственост, содржина или лиценцирани информации достапни преку услугите без претходна писмена согласност на Tinder;
да тврдите или да навестувате дека изјавите што ги давате се поддржани од Tinder;
да користите робот, попишувач, апликација за пребарување/преземање локации, прокси или друг рачен или автоматски уред, метод или процес за пристап, вчитување, индексирање, „рударење податоци“ или на друг начин да ја репродуцирате или заобиколувате навигациската структура или претставување на услугите или содржините;
да поставувате вируси или друг злонамерен код или на друг начин да ја загрозувате безбедноста на услугите;
да фалсификувате заглавија или на друг начин да манипулирате со идентификатори за да го прикриете потеклото на некоја информација пренесена до или преку услугите;
да „врамувате“ или да „пресликувате“ некој дел од услугите без претходно писмено овластување од Tinder;
да користите мета-ознаки или код или други уреди што содржат некакво упатување на Tinder или на платформата (или на некоја трговска марка, трговско име, услужна марка, лого или слоган на Tinder) за да насочите некое лице на некоја друга веб-локација за некаква цел;
да менувате, приспособувате, подлиценцирате, преведувате, продавате, да вршите обратен инженеринг, дешифрирате, декомпилирате или на друг начин да расклопувате кој било дел од услугите или да предизвикувате други да го прават тоа;
да користите или развивате апликации или услуги на трети лица кои директно комуницираат со услугите или со содржината или со информациите на членовите без наша писмена согласност, вклучувајќи, меѓу другото, вештачка интелигенција или машинско учење;
да го користите, пристапувате или да го објавувате програмскиот интерфејс на апликацијата Tinder без наша писмена согласност;
да ја проверувате, скенирате или тестирате ранливоста на услугите или на кој било друг систем или мрежа;
да охрабрувате, промовирате или да се согласите да се вклучите во активност со којашто се прекршуваат овие Услови;
да креирате нова корисничка сметка откако ќе ја суспендираме или укинеме вашата корисничка сметка, освен ако не добиете изречна дозвола од нас; или
да поднесете пријава за однесување или содржина на некој член што се лажни, погрешни или на друг начин очигледно неосновани или да злоупотребите некој систем на Tinder за пријавување или поднесување жалби што ви е достапен.
Лиценцата што ви е дадена според овие Услови и секое овластување за пристап до услугите автоматски се одземаат во случај да направите нешто од горенаведеното.
2 (г). Забранета содржина
Tinder забранува прикачување или споделување содржина што:
разумно може да се смета дека е навредлива или дека вознемирува, тревожи, засрамува или плаши друго лице;
е непристојна, порнографска, насилна или на друг начин може да навреди човечко достоинство или содржи голотија;
е погрдна, навредлива, заканувачка, дискриминаторска или промовира или поттикнува расизам, сексизам, омраза или нетрпеливост;
e незаконска или поттикнува или олеснува некаква незаконска активност вклучително и, меѓу другото, тероризам, трговија со луѓе, криминални активности со пари, злоупотреба и експлоатација на деца или поттикнување на насилство или омраза;
поттикнува или олеснува некаква активност што може да доведе до штета за корисникот или за друго лице, вклучувајќи, меѓу другото, промовирање самоповредување, нарушувања во исхраната, опасни предизвици, насилен екстремизам или штетни дезинформации;
се клеветнички, погрдни или невистинити;
е поврзана со комерцијални активности (вклучувајќи, без ограничување, продажба, натпревари, можности за вработување или инвестирање, промоции и рекламирање, барање услуги, сексуална работа, врски со „спонзори“ или „спонзоруши“, врски до други веб-локации или телефонски броеви до жешки линии);
вклучува или го олеснува пренесувањето на „несакана пошта“ или несакана електронска пошта;
содржат шпионски софтвер, рекламен софтвер, вируси, корумпирани датотеки, програми за „црви“ или друг злонамерен код дизајниран да ја прекине, оштети или ограничи функционалноста или да го наруши кој било софтвер, хардвер, телекомуникации, мрежи, сервери или друга опрема, тројански коњ или некаков друг материјал дизајниран да оштети, попречува, погрешно пресретнува или незаконски одзема податоци или лични информации од Tinder или од некој друг;
ги повредуваат правата на некое трето лице (вклучувајќи ги, без ограничување, правата на интелектуална сопственост и правата на приватност);
вклучуваат слика или портрет на друго лице без согласност на тоа лице (или во случај на малолетно лице, родител или старател на малолетникот);
вклучува слика или портрет на малолетно лице што е без придружба на родителот или старателот или не е целосно облечено или што на друг начин прикажува или имплицира малолетно лице вклучено во сексуална активност;
не е во согласност со предвиденото користење на услугите; или
може да му наштетат на угледот на Tinder или на поврзаните фирми, што значи поставување или споделување содржина на платформата Tinder со која се врши клевета против Tinder или против поврзаните фирми или со која се повикува на злоупотреба на услугата или на некоја друга услуга што ја обезбедуваат поврзаните фирми на Tinder.
Поставувањето или споделувањето содржина со којашто се прекршуваат овие Услови („забранета содржина“) може да доведе до итно суспендирање или укинување на корисничката сметка.
3. СОДРЖИНА
Важно е да ги разберете своите права и одговорности во однос на содржината на услугите, вклучувајќи ја и секоја содржина што ја давате или објавувате. Изречно ви се забранува да објавувате несоодветна содржина.
Додека ги користите услугите, ќе имате пристап до: (i) содржината што ја поставувате, обезбедувате или споделувате додека ги користите услугите, дури и ако е предложена од услугите („ваша содржина“); (ii) содржината што другите корисник ја поставуваат или обезбедуваат додека ги користат услугите („содржина на член“); и (iii) содржината што ја обезбедува Tinder на и преку услугите („наша содржина“).
Одвреме-навреме, Tinder може и самиот да користи или да ви понуди одредена технологија овозможена од софтверот која користи системи на вештачка интелигенција или машинско учење („AI-технологија“) како дел од услугите. Единствено вие сте одговорни за цела содржина генерирана од таквата AI-технологија што ќе ја создадете, поставите или споделите. Во овој Договор, „содржината“ ги вклучува, без ограничување, целиот текст, слики, видео, аудио, или друг материјал на услугите, вклучувајќи ги информациите на профилите на корисниците и директните пораки меѓу корисниците, како и сите содржини генерирани од AI-технологијата кои ќе ги креирате, поставувате или споделувате.
3 (а). ВАША СОДРЖИНА
Вие сте одговорен/-на за вашата содржина. Не споделувајте нешто што не би сакале другите да го видат, со што би се прекршил овој Договор или што може да има законски последици за вас или за нас.
Единствено вие сте одговорни за вашата содржина и, според тоа, се согласувате да нè обештетите, браните, ослободите и штитите од одговорност од сите тужби во врска со вашата содржина.
Тврдите дека се вистинити и гарантирате дека информациите што ни ги давате нам или на кој било друг корисник се точни, вклучително и сите информации доставени преку извори од трети страни (ако е применливо), и дека ќе ги ажурирате информациите за корисничката сметка доколку е потребно за да се обезбеди нивната точност. Содржината што се наоѓа на вашиот индивидуален профил треба да е релевантна за намената на услугите. Не смеете да прикачувате никакви забранети содржини, а вашата содржина дополнително мора да биде во согласност со Правилата на заедницата.
Не смеете да прикажувате никакви информации за личен контакт, банкарски или информации за директни плаќања, без разлика дали се поврзани со вас или со некое друго лице (на пример, имиња, домашни адреси или поштенски броеви, телефонски броеви, адреси на е-пошта, URL-адреси, кредитна/дебитна картичка, корисничко име за директно плаќање или други банкарски податоци). Ако одберете да им откриете некакви лични информации за себе на другите корисници, тоа го правите на свој ризик. Силно ве охрабруваме да бидете внимателни при откривањето на сите лични податоци на интернет.
Вашиот индивидуален профил ќе биде видлив за другите луѓе низ светот, затоа бидете сигурен/-на дека ви е удобно да ја споделите содржината пред да ја објавите. Прифаќате и се согласувате дека содржината смеат да ја гледаат други корисници, како и дека, без оглед на овие Услови, другите корисници смеат да ја споделуваат вашата содржина со трети страни. Со поставувањето на содржината, тврдите и гарантирате дека ги имате сите потребни права и лиценци за да го сторите тоа и автоматски ни давате лиценца за користење на содржината како што е предвидено во Дел 7 подолу.
Може да обезбедиме алатки и функции за подобрување на индивидуалното изразување преку вашата содржина и преку содржината на членовите и постојано развиваме нови технологии за да ги подобриме услугите. Одредени алатки или функции може да ви овозможат да генерирате или да ја подобрите содржината врз основа на вашата содржина, вклучително и со употреба на технологии со вештачка интелигенција. Сепак тоа е ваша содржина и вие сте одговорен/-на за неа и за нејзината точност, како и за користењето на услугите и за сите донесени одлуки, преземени дејства и непреземени дејства врз основа на вашата содржина. Бидете внимателен/-на при изборот и при споделувањето на содржината.
Разбирате и се сложувате дека смееме да ја анализираме, да пристапуваме до, да ја чуваме и да ја користиме вашата содржина, вклучително и пораките и другата кореспонденција, за да ги следиме, развиваме, персонализираме и подобриме услугите, вклучувајќи го и користењето машинско учење и други автоматизирани технологии, во согласност со важечките закони.
Разбирате и се согласувате дека смееме да ја следиме или прегледуваме вашата содржина и имаме право да ја отстраниме, бришеме, уредуваме, да го ограничиме или блокираме или да го спречиме пристапот до цела содржина во секое време по свое видување. Ако вашата содржина е забранета според законите на некоја јурисдикција каде што се достапни услугите, може да ја отстраниме, дури и ако не е незаконска на вашата локација. Освен тоа, разбирате и се согласувате дека немаме обврска да ја прикажуваме или прегледуваме вашата содржина.
3 (б) СОДРЖИНА НА ЧЛЕНОВИТЕ
Иако имате пристап до содржината на членовите, таа не е ваша и не смеете да ја копирате или користите содржина на членовите за никаква цел, освен како што е предвидено со овие Услови.
И други корисници ќе споделуваат содржина на услугите. Содржината на членот му припаѓа на корисникот кој ја објавил содржината, се чува на серверите и се прикажува по видување на тој корисник.
Секогаш треба внимателно да ја прегледувате и независно да ја потврдите точноста на содржината на членовите. Други корисници може да користат алатки за генерирање или подобрување на содржината врз основа на содржината на членовите што ја обезбедуваат. Содржината на членовите може да вклучува пристрасни, неточни, штетни, навредливи или погрешни информации. Другите корисници се одговорни за својата содржина, како и за сите донесени одлуки, преземени дејства и непреземени дејства врз основа на користењето на содржината на членовите. Tinder изречно се оградува од одговорност за таквата содржина на членовите.
Немате никакви права во врска со содржината на членовите и, освен ако немате изречно овластување од Tinder, смеете да ја користите содржината на членовите само до тој степен што вашето користење е доследно на целта на услугите да ви овозможат да комуницирате и да се среќавате едни со други. Не смеете да ја копирате содржината на членовите или да ја користите за комерцијални цели, за праќање несакана електронска пошта, за вознемирување или за незаконски закани. Го задржуваме правото да ви ја укинеме корисничката сметка ако ја злоупотребувате содржината на членовите. Ограничувањата за користење наведени во Дел 2 во врска со забранетата содржина се однесуваат на користењето на содржината на членовите, како и на сета друга содржина. За информации како се подредуваат препорачаните профили, погледнете го начинот на поврзување.
3 (в) НАШАТА СОДРЖИНА
Tinder ги поседува или лиценцира сите други содржини на услугите.
Меѓу вас и Tinder, секој друг текст, содржина, графика, кориснички интерфeјси, трговски марки, лога, звуци, уметнички дела, слики и друга интелектуална сопственост што се појавуваат или се вклучени во услугите ги поседуваме, ги контролираме или лиценцираме ние и се заштитени со авторски права, трговски марки и други права од законот за интелектуална сопственост. Сите права на, сопственост врз и интереси од нашата содржина остануваат наши во секое време. Ви даваме ограничена лиценца за пристап и користење на содржината како што е предвидено во Дел 6 подолу, и ги задржуваме сите други права.
4. НЕСООДВЕТНА СОДРЖИНА И НЕДОЛИЧНО ОДНЕСУВАЊЕ; ПРИЈАВУВАЊЕ
Tinder не толерира несоодветна содржина или однесување на услугите.
Посветени сме на одржување позитивна и учтива заедница и не толерираме никаква несоодветна содржина или недолично однесување, без разлика дали се случуваат на услугите или надвор од нив (вклучително, меѓу другото, и на услугите со коишто управуваат поврзаните фирми). Ве охрабруваме да ги пријавите сите несоодветни содржини од членовите или секое недолично однесување на други корисници. Може да пријавите корисник директно преку врската „Пријави корисник“ на профилот на корисникот или преку порака. Може да се обратите и до Службата за корисници.
Како што е опишано во Политиката на приватност, може да споделуваме податоци помеѓу поврзаните фирми за безбедноста и за сигурноста на корисниците и може да преземеме потребни мерки ако сметаме дека ги имате прекршено овие Услови, вклучувајќи и забрана за користење на услугите и/или на услугите на поврзаните фирми (како што се Hinge, Plenty of Fish, OkCupid, Match, Meetic, BLK, LoveScout24, OurTime и Pairs; за повеќе детали, видете ја страницата за безбедност), и/или да ве спречиме да создавате нови кориснички сметки. Разбирате и се согласувате дека не смееме да споделуваме информации со вас во врска со вашата корисничка сметка доколку со тоа потенцијално би се нарушиле безбедноста или приватноста на другите корисници.
За содржините на членовите важат одредбите и условите од деловите 512 (c) и/или 512 (d) од Законот за авторски права во дигиталниот милениум од 1998 година. За да поднесете жалба во врска со содржината на членот што може да претставува повреда на интелектуалната сопственост, погледнете во делот 12 (Закон за авторски права во дигиталниот милениум) подолу.
Користиме комбинација од автоматизирани алатки и човечки рецензенти за да ги спроведеме правилата за содржина. Ова вклучува автоматизирана технологија што проактивно открива и отстранува одредени видови забранети содржини. Исто така, ги охрабруваме корисниците да пријават несоодветни содржини на кои ќе наидат. Нашите системи и процеси генерално се дизајнирани да дадат предност на откривањето и отстранувањето на најсериозните и најштетните прекршувања (на пример, материјал за сексуална експлоатација на деца или содржина поврзана со тероризам), дури и ако таквата содржина е ретка. За повеќе информации за тоа како ја модерираме содржината, погледнете ја страницата за безбедност.
Повредите може да доведат до последици од предупредување за помалку сериозни инциденти до забрана на корисничката сметка за посериозни или повторени прекршувања. На пример, очигледна незаконска и штетна содржина, како што се содржини поврзани со тероризам или материјал за сексуална експлоатација на деца, ќе доведат до забрана. Ако сметате дека содржината е отстранета по грешка, може да поднесете жалба. Повеќе информации се достапни тука.
Очигледно неосновани пријави може да доведат до преземање мерки за спроведување против пријавителот. Кога проценуваме злоупотреба, ги земаме предвид факторите како што е доказ дека целта на пријавата била пристрасност или омраза (на пр., врз основа на заштитена карактеристика како што е расата, сексуалната ориентација или родовиот идентитет) или друг злонамерен умислен потег. Доколку повеќепати се поднесуваат очигледно неосновани пријави, тоа ќе доведе до забрана.
5. ПРИВАТНОСТ
Приватноста ни е важна. Имаме посебна политика за неа што се согласувате да ја прочитате.
За информации за тоа како Tinder и поврзаните фирми ги собираат, ги користат и ги споделуваат вашите лични податоци, прочитајте ја Политиката на приватност. Со користењето на услугите, се согласувате дека смееме да ги користиме вашите лични податоци во согласност со Политиката на приватност.
6. ПРАВА ШТО ВИ ГИ ДАВА TINDER
Tinder ви дава право да ги користите и да уживате во услугите, за што важат овие Услови.
Сè додека ги почитувате овие Услови, Tinder ви дава лична лиценца што важи во цел свет, без исплаќање тантиеми, што не може да се пренесе, не е ексклузивна, може да се отповика и не може да се подлиценцира за пристап и за користење на услугите за целите за коишто ја наменил Tinder и се дозволени со овие Услови и со важечките закони. Оваа лиценца и секое овластување за пристап до услугата автоматски се одземаат во случај да не ги почитувате овие Услови.
7. ПРАВА ШТО МУ ГИ ДАВАТЕ НА TINDER
Вие сте сопственик на цела содржина што му ја давате на Tinder, но ни давате и право да ја користиме вашата содржина како што е утврдено во овој Договор.
Со создавањето корисничка сметка, му давате на Tinder трајно, преносливо право што може да се подлиценцира во цел свет без исплаќање тантиеми и лиценца за хостирање, складирање, користење, копирање, прикажување, репродуцирање, адаптирање, уредување, објавување, преведување, менување, реформатирање, вклучување во други дела, рекламирање, дистрибуирање и на друг начин правење достапна на пошироката јавност, на вашата содржина, вклучувајќи ги и сите информации за коишто ни давате овластување да пристапиме од други извори на трети лица (доколку е применливо), целосно или делумно, и на кој било друг начин и во кој било друг формат или медиум што е познат во моментов или ќе се создаде во иднина.
Понатаму му давате на Tinder трајно, преносливо, подлиценцирано право и лиценца низ целиот свет без тантиеми за (a) собирање и користење на вашата содржина во степенот што е неопходен за исполнување на своите обврски и за остварување на своите права според Договорот; и (б) за обучување, развој, прилагодување, менување, подобрување или усовршување на услугите и на другите производи или услуги, вклучително и преку користење на технологија за вештачка интелигенција. Свесни сте дека услугите на Tinder можат да „учат“ и да се подобруваат врз основа на добиени и генерирани информации (вклучувајќи ја и вашата содржина) и потоа не можат да ги „одучат“ тие информации.
Лиценцата на Tinder за вашата содржина не е ексклузивна, освен што лиценцата на Tinder е ексклузивна во однос на изведените дела преку користење на услугите (вклучително и преку нашата употреба на AI-технологија). На пример, Tinder би имал ексклузивна лиценца за кадрите на екранот од услугите, во кои е прикажана вашата содржина.
Освен тоа, за да може Tinder да ја спречи употребата на вашата содржина надвор услугите, го овластувате Tinder да дејствува во ваше име во однос на прекршувањето на употребата на вашите содржини преземени од услугите од страна на други корисници или на трети страни. Ова изречно го вклучува овластувањето, но не и обврската, да се испраќаат известувања во согласност со дел 512 (в) (3) од Поглавје 17 од американскиот кодекс (т.е. известувања за отстранување според DMCA) во ваше име доколку вашата содржина е преземена и се користи од трети страни надвор од услугите. Tinder не е обврзан да презема никакви дејства во врска со користењето на вашата содржина од други корисници или од трети страни.
За лиценцата на Tinder за вашата содржина важат вашите права според важечкиот закон (на пример, законите во врска со заштитата на личните податоци, до оној степен до кој содржината содржи лични информации, онака како што е дефинирано во тие закони). Со оглед на тоа што Tinder ви дозволува да ги користите услугите, се согласувате дека ние, поврзаните фирми и нашите партнери, кои се трети страни, смееме да пласираме реклами на услугите. Со поднесувањето предлози или повратни информации до Tinder во врска со услугите, се согласувате дека Tinder смее да ги користи и да ги споделува таквите повратни информации за која било цел без да ви даде надомест, и се откажувате од сите права на таквите предлози или повратни информации.
Се согласувате дека Tinder смее да пристапи, да ги зачува и да ги открие информациите за вашата корисничка сметка, вклучувајќи ја и вашата содржина, доколку тоа се бара со закон или доколку со добра волја се верува дека таквиот пристап, зачувување или откривање се разумно неопходни заради: (i) усогласување со некој правен процес; (ii) спроведување на овие Услови; (iii) одговарање на тврдења дека со некоја содржина се прекршуваат правата на трети лица; (iv) одговарање на вашите барања за услуги за клиентите; (v) заштита на правата, имотот или личната безбедност на компаните или на некое друго лице, (vi) истражување, спречување или преземање други дејства во врска со некаква незаконска активност, сомнителна измама или друга незаконска постапка; или (vii) усогласување со барањата за права на податоци на други корисници.
PURCHASES AND AUTOMATICALLY RENEWING SUBSCRIPTIONS
Ќе имате можност да купувате производи и услуги од Tinder. Ако купите претплата, таа автоматски ќе се обновува и ќе се наплаќа, додека не ја откажете.
Tinder може да понуди производи и услуги за купување преку iTunes, Google Play или преку други надворешни даватели на услуги овластени од Tinder (наречена, „платформа на надворешен давател на услуги“, и сите купувања направени на неа, „купување од платформа на надворешен давател на услуги“). Tinder може да понуди и производи и услуги за купување преку кредитна картичка или преку други обработувачи на плаќања на веб-локацијата или внатре во апликацијата („интерни купувања“). Ако ја откажете претплатата, ќе продолжите да имате пристап до поволностите од претплатата до крајот на периодот на претплата, кога таа ќе истече.
Бидејќи услугите може да се користат без претплата, со откажувањето на претплатата не се отстранува вашиот профил од услугите. Ако сакате целосно да ја укинете корисничката сметка, мора да ја укинете како што е наведено во Дел 9.
Тиндер работи на светско ниво и цените варираат поради голем број фактори. Често нудиме промотивни цени и тие може да варираат во зависност од регионот, должината на претплатата, големината на пакетот, претходните купувања, активноста на корисничката сметка и друго. Исто така, редовно тестираме нови функции и опции за плаќање. Доколку навремено не ја откажете претплатата, таа ќе се обнови по целосната цена што била наведена кога сте го извршиле купувањето, без никакви дополнителни дејства од ваша страна, и нè овластувате да извршиме наплата на овие износи преку вашиот начин на плаќање. Во рамките на законот, го задржуваме правото, вклучително и без претходна најава, да ја ограничиме достапната количина или да ја прекинеме понудата на некој производ, функција, услуга или друга понуда; да наметнеме услови за искористување на некој купон, попуст, понуда или друга промоција; да му забраниме на некој корисник да направи некаква трансакција; и да одбиеме да му обезбедиме на некој корисник некаков производ, услуга или друга понуда.
8а. КУПУВАЊЕ И ПРЕТПЛАТУВАЊЕ НА ПЛАТФОРМИ НА НАДВОРЕШНИ ДАВАТЕЛИ НА УСЛУГИ
Купувањето од платформа на надворешен давател на услуги, вклучително и претплатувањето, може да се обработуваат преку платформа на надворешниот давател на услуги, при што со тоа купување мора да се управува преку вашата корисничка сметка на платформата на надворешниот давател на услуги. Претплатите автоматски се обновуваат додека не ги откажете.
Кога купувате од услугата, може да имате опција да платите преку платформа на надворешен давател на услуги, како, на пример, со корисничката сметка на Apple ID или на Google Play („корисничката сметка на платформа на надворешен давател на услуги“), а за купувањето ќе ви се наплати на корисничката сметка на платформата на надворешниот давател на услуги во согласност со условите што ќе ви се прикажат за време на купувањето и со општите услови што важат за корисничката сметка на платформата на надворешниот давател на услуги. Некои платформи на надворешни даватели на услуги може да ви наплатат данок на промет, во зависност од тоа каде живеете, којшто може да се менува одвреме-навреме.
If your External Service Purchase includes an automatically renewing subscription, your External Service Account will continue to be periodically charged for the subscription until you cancel. After your initial subscription commitment period, and again after any subsequent subscription period, the subscription will automatically continue for the price and time period you agreed to when subscribing. If you received a discounted promotional offer, your price may go up per the terms of that offer following the initial subscription period for any subsequent renewal period.
To cancel a subscription: If you do not want your subscription to renew automatically, or if you want to change or terminate your subscription, you must log in to your External Service Account and follow instructions to manage or cancel your subscription, even if you have otherwise deleted your account with us or if you have deleted the App from your device. For example, if you subscribed using your Apple ID, cancellation is handled by Apple, not Tinder. To cancel a purchase made with your Apple ID, go to Settings within the app , and follow the instructions to cancel. You can also request assistance at Apple Support.
Similarly, if you subscribed on Google Play, cancellation is handled by Google. To cancel a purchase made through Google Play, launch the Google Play app on your mobile device and navigate to Settings. You can also request assistance at Google Play. If you cancel a subscription, you may continue to use the canceled service until the end of your then-current subscription term. The subscription will not be renewed when your then-current term expires.
Ако започнете поврат на средства или на друг начин го повлечете плаќањето извршено со корисничката сметка на платформата на надворешен давател на услуги, Tinder може веднаш да ви ја укине корисничката сметка по свое видување, врз основа на тоа што сте одлучиле дека не сакате претплата на Tinder. Во случај да ви ги одбијат барањето за поврат на средства или другиот начин на повлекување на плаќањето, обратете се во Службата за грижа за корисници. Tinder ќе ги задржи сите средства наплатени на вашата корисничка сметка на платформата на надворешен давател на услуги додека не ја откажете претплатата преку корисничката сметка на платформата на надворешниот давател на услуги. Одредени корисници може да имаат право да побараат поврат на средства. Видете го подделот 8г подолу за повеќе информации.
8b. ИНТЕРНО КУПУВАЊЕ И ПРЕТПЛАТУВАЊЕ
Интерните купувања, вклучувајќи ги и претплатите, се обработуваат преку начинот на плаќање што ќе го наведете на веб-локацијата или на апликацијата. Претплатите автоматски се обновуваат додека не ги откажете.
Ако направите интерно купување, се согласувате да ги платите цените што ви се прикажани за услугите што сте ги избрале, како и сите даноци на промет или слични даноци што може да важат за плаќањата (и што може да се менуваат одвреме-навреме) и го овластувате Tinder да изврши наплата преку начинот на плаќање што сте го навеле (вашиот „начин на плаќање“). Tinder може да ги исправи сите големи или мали грешки во наплатата, дури и ако веќе сме побарале или примиле плаќање. Ако започнете поврат на средства или на друг начин го повлечете плаќањето извршено со корисничката сметка на платформа на надворешен давател на услуга, Tinder може веднаш да ви ја укине корисничката сметка по свое видување, врз основа на тоа што сте одлучиле дека не сакате претплата на Tinder. Во случај да ви ги одбијат барањето за поврат на средства или другиот начин на повлекување на плаќањето, обратете се во Службата за грижа за корисници.
If your Internal Purchase includes an automatically renewing subscription, your Payment Method will continue to be periodically charged for the subscription until you cancel. After your initial subscription commitment period, and again after any subsequent subscription period, your subscription will automatically continue for the price and time period you agreed to when subscribing, until you cancel.
To cancel a subscription, log in to the Website or App and go to the Account section. If you cancel a subscription, you may continue to use the cancelled service until the end of your then-current subscription term. The subscription will not be renewed when your then-current term expires.
Може да ги уредувате информациите за начинот на плаќање преку алатката „Подесувања“ и следејќи ја врската за да овозможите претплатата да ви истече. Ако плаќањето не е успешно обработено, поради истекување на рокот, недоволно средства или од друга причина, вие сте одговорен/а за сите ненаплатени износи и нè овластувате да продолжиме со наплата преку начинот на плаќање, онака како што е ажуриран. Ова може да доведе до промена на датумите за наплата.
Освен тоа, нè овластувате да добиваме ажурирани информации за датумите на истекување или на замена и за броевите на кредитната или дебитната картичка од издавачот на вашата кредитна или дебитна картичка. Условите на плаќање ќе се засноваат на вашиот начин на плаќање и може да се одредат со договори помеѓу вас и финансиската институција, издавачот на кредитната картичка или друг давател на начинот на плаќање што ќе го изберете. Ако живеете надвор од американскиот континент, се согласувате дека плаќањето кон Tinder може да биде преку MTCH Technology Services Limited. Одредени корисници може да имаат право да побараат поврат на средства. Видете го подделот 8г подолу за повеќе информации.
8в. ВИРТУЕЛНИ СТАВКИ
Средствата за виртуелните ставки се неповратни и за нив важат одредени услови.
Одвреме-навреме, може ќе имате можност да купите ограничена, лична, непренослива лиценца што не може да се подлиценцира и е отповиклива за користење или за пристап до специјални функции за ограничена употреба, вклучувајќи, меѓу другото, кредити што може да се искористат за виртуелни ставки, како што се Супер лајк, Boost, живи кредити или подароци („виртуелни ставки“) од Tinder. Може да купувате виртуелни ставки само од нас или од нашите овластени партнери преку услугите.
Виртуелните ставки претставуваат ограничено право на лиценца уредено со овој Договор и, освен ако не е поинаку забрането со важечкиот закон, ниту едно право или сопственост на виртуелните ставки не ви се пренесува или доделува вам. Овој Договор не треба да се толкува како продажба на какви било права на виртуелни ставки.
Секое салдо за виртуелни ставки што се прикажува на вашата корисничка сметка не претставува салдо од реалниот свет ниту претставува парична вредност, туку претставува мера за опсегот на вашата лиценца. Виртуелните ставки не носат трошоци ако не се употребуваат; сепак, лиценцата што ви е доделена за виртуелни ставки ќе се укине во согласност со условите од овој Договор, порано од моментот кога Tinder ќе престане да ги дава услугите или кога вашата корисничка сметка на друг начин ќе се затвори или укине.
Тиндер, по свое видување, го задржува правото да наплатува такси за правото на пристап до или на користење виртуелни ставки и/или може да дистрибуира виртуелни ставки со или без надомест. Tinder смее да управува, регулира, контролира, менува или елиминира виртуелни ставки во секое време, вклучително и да презема дејства што може да влијаат врз согледаната вредност или куповна цена, доколку е применливо, на некоја виртуелна ставка. Тиндер не сноси никаква одговорност кон вас или која трета страна во случај Тиндер да ги искористи таквите права. Преносот на виртуелни ставки е забранет и не смеете да продавате, искористувате или на друг начин да пренесувате виртуелни ставки на ниту едно лице или субјект. Виртуелните ставки смее да се искористуваат само преку нашите услуги.
СИТЕ КУПУВАЊА И ИСКОРИСТУВАЊА НА ВИРТУЕЛНИ СТАВКИ ШТО СЕ ПРАВАТ ПРЕКУ НАШИТЕ УСЛУГИ СЕ КОНЕЧНИ И СРЕДСТВАТА ЗА НИВ СЕ НЕПОВРАТНИ. ПРИФАЌАТЕ ДЕКА ОД TINDER НЕ СЕ БАРА ДА ОБЕЗБЕДИ ПОВРАТ НА СРЕДСТВА ОД КОАЈ БИЛО ПРИЧИНА И ДЕКА НЕМА ДА ДОБИВАТЕ ПАРИ НИТУ ДРУГ НАДОМЕСТОК ЗА НЕИСКОРИСТЕНИТЕ ВИРТУЕЛНИ СТАВКИ ПРИ ЗАТВОРАЊЕ НА КОРИСНИЧКАТА СМЕТКА, БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЗАТВОРАЊЕТО Е ДОБРОВОЛНО ИЛИ НЕДОБРОВОЛНО.
8г. ПОВРАТ НА СРЕДСТВА
Општо земено, средствата за сите купувања се неповратни. Посебни услови за поврат на средства важат во ЕУ, Европската економска област, Обединетото Кралство, Швајцарија, Кореја и во Израел. Посебни услови за поврат на средства важат и во Аризона, Калифорнија, Колорадо, Конектикат, Илиноис, Ајова, Минесота, Њујорк, Северна Каролина, Охајо, Род Ајленд и во Висконсин.
Општо земено, сите купувања се конечни и неповратни, и нема поврат на средства или кредити за делумно искористените периоди, освен ако законите што се применуваат во вашата јурисдикција предвидуваат поврат на средства.
За претплатници што живеат во ЕУ, Европската економска област, Обединетото Кралство и во Швајцарија:
Во согласност со локалниот закон, имате право на целосен поврат на средствата во текот на 14 дена по започнувањето на претплатата. Имајте предвид дека овој период од 14 дена започнува кога ќе започне претплатата.
За претплатници што живеат во Германија:
Може да ја прекинете претплатата откако таа ќе се обнови со отказен период од еден месец. Вашето право да ја прекинете претплатата поради некаква причина останува непроменето.
За претплатници и купувачи на виртуелни ставки што живеат во Република Кореја:
Во согласност со локалниот закон, имате право на целосен поврат на средствата за претплатата и/или неискористените виртуелни ставки во текот на 7 дена по купувањето. Имајте предвид дека овој 7-дневен период започнува со купувањето.
За претплатници што живеат во Аризона, Калифорнија, Колорадо, Конектикат, Илиноис, Ајова, Минесота, Њујорк, Северна Каролина, Охајо, Род Ајленд, Висконсин и во Израел:
Право на откажување - може да ја откажете претплатата, без казна или обврска, во секое време пред полноќ на третиот работен ден по датумот на претплатата. Во случај на смрт пред крајот на периодот на претплата, вашите наследници имаат право на поврат на средствата на тој дел од плаќањето што сте го направиле за претплатата, а се однесува на периодот по вашата смрт. Во случај на попреченост (во смисла, не сте во состојба да ги користите услугите) пред крајот на периодот на претплата, имате право на поврат на средствата на тој дел од плаќањето што сте го направиле за претплатата, а се однесува на периодот по настанувањето на попреченоста, со тоа што ќе доставите известување до компанијата на ист начин како што барате поврат на средства, како што е опишано подолу.
Ако нешто од горенаведеното се однесува на вас и сте се претплатиле со Apple ID, за вашите барања за поврат на средства решава Apple, не Tinder. За да побарате поврат на средства, обратете се директно до надворешниот давател на услуги; на пример, со уредот Apple, одете до Подесувања > iTunes и App Stores > [кликнете на Apple ID] > Прикажи Apple ID > Историја на купувања. Најдете ја трансакцијата и изберете „Пријави проблем“. Можете да побарате поврат на средства и во Поддршка на Apple. За сите други купувања, обратете се до Службата за корисници на Tinder со бројот на нарачката (видете ја е-поштата за потврда) со тоа што ќе пратите по пошта или ќе доставите потпишано и датирано известување во кое се наведува дека вие, купувачот, го откажувате овој Договор или може да употребите некоја слична формулација. Наведете ги и адресата на е-пошта или телефонскиот број поврзани со корисничката сметка заедно со бројот на нарачката. Известувањето се праќа до:
Tinder,
Attn: Cancellations,
P.O. Box 25472,Dallas, Texas 75225, USA
9. УКИНУВАЊЕ НА КОРИСНИЧКАТА СМЕТКА
Ако повеќе не сакате да ги користите услугите или ако ви ја укинеме корисничката сметка од некаква причина, еве што треба да знаете.
Може да ја избришете корисничката сметка во секое време со тоа што ќе се најавите на веб-локацијата или на апликацијата, ќе одите во „Подесувања“, ќе кликнете на „Избриши корисничка сметка“ и ќе ги следите упатствата за да го завршите процесот на бришење. Меѓутоа, треба да ги откажете или да ги уредите сите купувања преку надворешни услуги преку корисничката сметка во тие услуги (на пр. Apple App Store, Google Play Store) за да го избегнете дополнителното наплатување.
Tinder го задржува правото да ја разгледа и, доколку е соодветно, да ја суспендира, укине или забрани корисничката сметка без поврат на средствата ако смета дека сте ги прекршиле овие услови, сте ги злоупотребиле услугите или сте се однесувале на начин кој Tinder го смета за несоодветен или незаконски, на или надвор од услугите, според свое дискреционо право. Го задржуваме правото да користиме секакви лични, технолошки, правни или други средства што ни се достапни за спроведување на Условите во секое време, без одговорност и без обврска да ви дадеме претходно известување, вклучувајќи, меѓу другото, и да ве спречиме да пристапите до услугите.
Во согласност со важечките закони, разбирате и се согласувате дека Tinder можеби нема да сподели информации со вас во врска со укинувањето на корисничката сметка ако со тоа потенцијално би се нарушиле безбедноста или приватноста на другите корисници. Ако укинувањето на корисничката сметка го направите вие или Tinder од некаква причина, овие Услови и понатаму имаат извршно дејство за вас и за Tinder, и нема да имате право на никаков поврат на средствата за направените купувања. Вашите информации ќе се чуваат и бришат во согласност со Политиката на приватност.
10. НЕ СЕ ВРШИ ПРОВЕРКА НА КРИВИЧНО ДОСИЕ ИЛИ ПОТВРДА НА ИДЕНТИТЕТОТ
Tinder не врши проверка на кривичното досие или потврда на идентитетот на своите корисници. Иако Tinder настојува да поттикне почитување меѓу корисниците, тој не е одговорен за однесувањето на ниту еден корисник на или надвор од платформата на која се дава услугата. Користете ја својата најдобра процена кога комуницирате со други и разгледајте ги Советите за безбедност.
РАЗБИРАТЕ ДЕКА TINDER НЕ ВРШИ ПРОВЕРКА НА КРИВИЧНОТО ДОСИЕ ИЛИ ПОТВРДА НА ИДЕНТИТЕТОТ НА СВОИТЕ КОРИСНИЦИ НИТУ НА ДРУГ НАЧИН ГO ИСТРАЖУВА НИВНОТО МИНАТО. TINDER НЕ ТВРДИ ДЕКА СЕ ВИСТИНИТИ И НЕ ГАРАНТИРА ЗА ОДНЕСУВАЊЕТО, ИДЕНТИТЕТОТ, ЗДРАВЈЕТО, ФИЗИЧКАТА СОСТОЈБА, НАМЕРИТЕ, ЛЕГИТИМНОСТА ИЛИ ВЕРОДОСТОЈНОСТА НА КОРИСНИЦИТЕ. TINDER ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО ДА ИЗВРШИ - И ВИЕ ГО ОВЛАСТУВАТЕ TINDER ДА ИЗВРШИ - ПРОВЕРКА НА КРИВИЧНОТО ДОСИЕ ИЛИ ДРУГИ ПРОВЕРКИ (КАКО, НА ПРИМЕР, ПРЕБАРУВАЊЕ НИЗ РЕГИСТАРОТ НА ЛИЦА ОСУДЕНИ ЗА КРИВИЧНИ ДЕЛА НА СЕКСУАЛНА ЗЛОУПОТРЕБА) ВО СЕКОЕ ВРЕМЕ КОРИСТЕЈЌИ ЈА ЈАВНАТА КАЗНЕНА ЕВИДЕНЦИЈА И СЕ СОГЛАСУВАТЕ ДЕКА СЕКОЈА ИНФОРМАЦИЈА ШТО ЈА ДАВАТЕ МОЖЕ ДА СЕ ИСКОРИСТИ ЗА ТАА ЦЕЛ. ДОКОЛКУ КОМПАНИЈАТА ОДЛУЧИ ДА СПРОВЕДЕ ПРОВЕРКА ПРЕКУ АГЕНЦИЈА ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОТРОШУВАЧИТЕ, СО ОВА ЈА ОВЛАСТУВАТЕ КОМПАНИЈАТА ДА ДОБИЕ И ДА КОРИСТИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОТРОШУВАЧИТЕ ЗА ВАС ЗА ДА СЕ ОПРЕДЕЛИ ВАШАТА ПОДОБНОСТ ВО СОГЛАСНОСТ СО ОВИЕ УСЛОВИ.
ВИЕ САМИ СТЕ ОДГОВОРНИ ЗА ВАШИТЕ ИНТЕРАКЦИИ СО ДРУГИТЕ КОРИСНИЦИ. НЕ МОЖЕМЕ И СО МЕРКИТЕ ЗА ПРОВЕРКА НА СЕКСУАЛНИ ПРЕСТАПНИЦИ НЕ ЈА ГАРАНТИРАМЕ ВАШАТА БЕЗБЕДНОСТ И НЕ СМЕ ЗАМЕНА ЗА СЛЕДЕЊЕ НА СОВЕТИТЕ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И НА ДРУГИТЕ РАЗУМНИ БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ. СЕКОГАШ КОРИСТЕТЕ ЈА СВОЈАТА НАЈДОБРА ПРОЦЕНА И ПРЕЗЕМАЈТЕ СООДВЕТНИ БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ ПРИ КОМУНИЦИРАЊЕ ИЛИ ПРИ СРЕДБИ СО НОВИ ЛУЃЕ. ДОПИСИТЕ ДОБИЕНИ ПРЕКУ УСЛУГАТА, ВКЛУЧУВАЈЌИ ГИ И АВТОМАТСКИТЕ ИЗВЕСТУВАЊА ПРАТЕНИ ОД TINDER, МОЖЕ ДА ДОЈДАТ ОД КОРИСНИЦИ ШТО ЈА КОРИСТАТ УСЛУГАТА ЗА НЕСООДВЕТНИ ЦЕЛИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ ИЗМАМА, ЗЛОУПОТРЕБА, ВОЗНЕМИРУВАЊЕ ИЛИ ДРУГО ТАКВО НЕСООДВЕТНО ОДНЕСУВАЊЕ.
Иако Tinder настојува да поттикне почитување меѓу корисниците, тој не е одговорен за однесувањето на ниту еден корисник на или надвор од платформата на која се дава услугата. Се согласувате да внимавате при сите интеракции со други корисници, особено ако одлучите да комуницирате надвор од платформата на која се дава услугата или да се сретнете во живо.
11. ОГРАДУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ
Услугите на Tinder се обезбедуваат „какви што се“ и не гарантираме и не можеме да гарантираме, за содржината или функциите на услугите или за содржината на членовите.
TINDER ГИ ОБЕЗБЕДУВА УСЛУГИТЕ „КАКВИ ШТО СЕ“ И „СПОРЕД ДОСТАПНОСТА“ И ВО РАМКИТЕ НА ВАЖЕЧКИОТ ЗАКОН, НЕ ДАВА НИКАКВИ ГАРАНЦИИ, СЕЕДНО ДАЛИ СЕ ИЗРЕЧНИ, ИМПЛИЦИРАНИ, ЗАКОНСКИ ИЛИ ДРУГИ, ВО ОДНОС НА УСЛУГИТЕ (ВКЛУЧУВАЈЌИ ГИ И СИТЕ СОДРЖАНИ СОДРЖИНИ), ВКЛУЧУВАЈЌИ ГИ, МЕЃУ ДРУГОТО, СИТЕ ИМПЛИЦИРАНИ ГАРАНЦИИ ЗА ЗАДОВОЛИТЕЛЕН КВАЛИТЕТ, ПОГОДНОСТ ЗА ПУШТАЊЕ ВО ПРОМЕТ, СООДВЕТНОСТ ЗА ОДРЕДЕНА НАМЕНА ИЛИ НЕПРЕКРШУВАЊЕ. TINDER НЕ ТВРДИ НИТУ ГАРАНТИРА ДЕКА (А) УСЛУГИТЕ ЌЕ БИДАТ НЕПРЕКИНУВАНИ, БЕЗБЕДНИ ИЛИ БЕЗ ГРЕШКИ, (Б) ЌЕ СЕ ОТКРИЈАТ ИЛИ ПОПРАВАТ СИТЕ ДЕФЕКТИ ИЛИ ГРЕШКИ НА УСЛУГИТЕ, НИТУ (В) ДЕКА СИТЕ СОДРЖИНИ ИЛИ ИНФОРМАЦИИ ШТО ГИ ДОБИВАТЕ НА ИЛИ ПРЕКУ УСЛУГИТЕ ЌЕ БИДАТ ТОЧНИ, ЦЕЛОСНИ, ТЕКОВНИ ИЛИ СООДВЕТНИ ЗА ВАШИТЕ ЦЕЛИ. ПОНАТАМУ, TINDER НЕ ДАВА ГАРАНЦИИ ЗА БРОЈОТ НА АКТИВНИ КОРИСНИЦИ ВО ДАДЕНО ВРЕМЕ; ЗА СПОСОБНОСТА ИЛИ ЖЕЛБАТА НА КОРИСНИЦИТЕ ДА КОМУНИЦИРААТ ИЛИ ДА СЕ СРЕТНАТ СО ВАС, НИТУ ЗА КРАЈНАТА КОМПАТИБИЛНОСТ СО ИЛИ ОДНЕСУВАЊЕ НА КОРИСНИЦИТЕ ШТО ГИ ЗАПОЗНАВАТЕ ПРЕКУ УСЛУГИТЕ.
TINDER НЕ ПРЕЗЕМА ОДГОВОРНОСТ ЗА НИЕДНА СОДРЖИНА ШТО ВИЕ ИЛИ ДРУГ КОРИСНИК, ИЛИ ТРЕТА СТРАНА ЈА ПОСТАВУВА, ПРАЌА, ПРИМА И/ИЛИ ВРЗ ОСНОВА НА КОЈАШТО ДЕЛУВА ПРЕКУ УСЛУГИТЕ, НИТУ ПРЕЗЕМА ОДГОВОРНОСТ ЗА ИДЕНТИТЕТОТ, НАМЕРИТЕ, ЛЕГИТИМНОСТА, ОДНЕСУВАЊЕТО ИЛИ ВЕРОДОСТОЈНОСТА НА НИТУ ЕДЕН КОРИСНИК СО КОЈ МОЖЕ ДА КОМУНИЦИРАТЕ ПРЕКУ TINDER НА ИЛИ НАДВОР ОД УСЛУГАТА. ДО СЕКОЈ МАТЕРИЈАЛ ПРЕЗЕМЕН ИЛИ ПОИНАКУ ДОБИЕН ПРЕКУ КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ ПРИСТАПУВАТЕ ПО СВОЕ ВИДУВАЊЕ И РИЗИК.
TINDER НЕ Е ОДГОВОРЕН ЗА НИКАКВА ШТЕТА НА ВАШИОТ КОМПЈУТЕРСКИ ХАРДВЕР, КОМПЈУТЕРСКИ СОФТВЕР ИЛИ ДРУГА ОПРЕМА ИЛИ ТЕХНОЛОГИЈА ВКЛУЧУВАЈЌИ, МЕЃУ ДРУГОТО, ШТЕТА ОД ПОВРЕДА НА БЕЗБЕДНОСТА ИЛИ ОД ВИРУС, ГРЕШКИ, ФАЛСИФИКУВАЊЕ, ХАКИРАЊЕ, ИЗМАМА, ГРЕШКА, ПРОПУСТ, ПРЕКИН, ДЕФЕКТ, ДОЦНЕЊЕ ВО РАБОТАТА ИЛИ ВО ПРЕНОСОТ, ДЕФЕКТ НА КОМПЈУТЕРСКАТА ЛИНИЈА ИЛИ НА МРЕЖАТА ИЛИ НЕКОЈ ДРУГ ТЕХНИЧКИ ИЛИ ДРУГ ПРЕКИН ИЛИ НЕИСПРАВНОСТ.
12. ЗАКОН ЗА АВТОРСКИТЕ ПРАВА ВО ДИГИТАЛНИОТ МИЛЕНИУМ
Прекршувањето на авторските права го сфаќаме многу сериозно. Бараме да ни помагате да осигуриме дека го решаваме навремено и ефективно.
Tinder ја усвои следнава политика за прекршување на авторските права во согласност со Законот за авторските права во дигиталниот милениум („DMCA“). Ако сметате дека со некоја од содржините на членовите или со нашата содржина се прекршуваат вашите права на интелектуална сопственост, доставете известување за таквото наводно прекршување („известување за отстранување според DMCA“) во кое ќе го наведете следново:
физички или електронски потпис на лице овластено да постапува во име на носителот на ексклузивното право што наводно е прекршено;
идентификација на делото заштитено со авторски права за кое се тврди дека е прекршено или, ако повеќе дела заштитени со авторски права на една онлајн страница се опфатени со едно известување, список со примери за тие дела;
идентификација на материјалот за кој се тврди дека претставува прекршување или дека е предмет на прекршување и кој треба да се отстрани или до кој треба да се оневозможи пристапот, како и информации што се разумно доволни за да му се овозможи на давателот на услугата да го лоцира материјалот;
информации што се разумно доволни за да му овозможат на давателот на услугата да стапи во контакт со вас, како што се адреса, телефонски број и, доколку има, електронска пошта;
изјава дека добронамерно верувате дека користењето на материјалот на обжалениот начин не е овластено од страна на носителот на авторските права, неговиот застапник или од законот; и
изјава, под правна одговорност за лажно сведочење, дека информациите во известувањето се точни и дека сте овластен/-а да постапувате во име на носителот на ексклузивното право што наводно е прекршено.
Сите известувања за отстранување според DMCA треба да се пратат на copyright@match.com, по телефон на 214-576-3272 или преку пошта на следнава адреса: Copyright Compliance Department c/o Tinder Legal, 8750 N. Central Expressway, Dallas, Texas 75231. Tinder ќе им ги укине корисничките сметки на повторните прекршители.
13. РЕКЛАМИ И СОДРЖИНИ ОД ТРЕТИ СТРАНИ
Може да гледате реклами и промоции од трети страни на услугите. Tinder не ги поддржува и не е одговорен за вашите интеракции со тие производи или услуги.
Услугите може да содржат реклами и промоции што ги нудат трети страни, како и врски до други веб-локации или извори на информации. Покрај тоа, услугите може да ви овозможат да гледате реклама во замена за виртуелни ставки; Tinder не гарантира дека секогаш ќе имате право да гледате такви реклами или дека таквите реклами ќе бидат достапни. Tinder може да обезбедува и некомерцијални врски или упатувања до трети лица во рамките на својата содржина. Tinder не е одговорен за достапноста (или недостапноста) на ниту едни надворешни веб-локации или извори на информации или на нивната содржина. Понатаму, Tinder не е одговорен и не ги поддржува производите или услугите што може да ги нудат веб-локации или извори на информации од трети страни. Ако изберете да комуницирате со трети страни што се достапни преку услугите, за нивниот однос со вас важат условите на тие страни. Tinder не е одговорен за условите или постапките на таквите трети страни.
14. ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТ
Одговорноста на Tinder е ограничена колку што е максимално дозволено во рамките на важечкиот закон.
КОЛКУ ШТО Е ДОЗВОЛЕНО ВО РАМКИТЕ НА ВАЖЕЧКИОТ ЗАКОН, ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ TINDER, ПОВРЗАНИТЕ ФИРМИ, ВРАБОТЕНИТЕ, ДАВАТЕЛИТЕ НА ЛИЦЕНЦИ ИЛИ ДАВАТЕЛИТЕ НА УСЛУГИ НЕ СНОСАТ ОДГОВОРНОСТ ЗА НИКАКВА ИНДИРЕКТНА, ПОСЛЕДИЧНА, ЕГЗЕМПЛАРНА, ИНЦИДЕНТНА, ПОСЕБНА, КАЗНЕНА, ФИКСНА ИЛИ ЗГОЛЕМЕНА ШТЕТА, ВКЛУЧУВАЈЌИ, МЕЃУ ДРУГОТО, ЗАГУБА НА ДОБИВКА, БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ БИЛА ПРЕДИЗВИКАНА ДИРЕКТНО ИЛИ ИНДИРЕКТНО, ИЛИ ЗАГУБА НА ПОДАТОЦИ, УПОТРЕБА, РЕПУТАЦИЈА, ИЛИ ДРУГА НЕМАТЕРИЈАЛНА ЗАГУБА, ШТО ПРОИЗЛЕГУВА ОД: (I) ВАШИОТ ПРИСТАП ДО ИЛИ КОРИСТЕЊЕ ИЛИ НЕСПОСОБНОСТ ЗА ПРИСТАП ДО ИЛИ КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ, (II) ОДНЕСУВАЊЕТО ИЛИ СОДРЖИНАТА НА НЕКОИ КОРИСНИЦИ (ВКЛУЧУВАЈЌИ, МЕЃУ ДРУГОТО, СОДРЖИНА ДЕФИНИРАНА ПОДОЛУ КАКО „СОДРЖИНА ОД ЧЛЕНОВИ ИЛИ „ВАША СОДРЖИНА“) ИЛИ НА ТРЕТИ СТРАНИ НА ИЛИ ПРЕКУ УСЛУГИТЕ ИЛИ ВО ВРСКА СО УСЛУГИТЕ НА НЕКОЈА ПОВРЗАНА ФИРМА; ИЛИ (III) СЕКОЈ НЕОВЛАСТЕН ПРИСТАП, УПОТРЕБА ИЛИ ПРОМЕНИ НА СОДРЖИНАТА, ДУРИ И АКО TINDER ДОБИЛ СОВЕТ ЗА МОЖНОСТА ОД ТАКВА ШТЕТА.
КОЛКУ ШТО Е ДОЗВОЛЕНО ВО РАМКИТЕ НА ВАЖЕЧКИОТ ЗАКОН, ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ ВКУПНАТА ОДГОВОРНОСТ НА TINDER КОН ВАС, ЗА СИТЕ ПОБАРУВАЊА ПОВРЗАНИ СО УСЛУГИТЕ, НЕМА ДА ГО НАДМИНЕ ПОГОЛЕМИОТ ИЗНОС ОД СЛЕДНИВЕ: (А) 100 АМЕРИКАНСКИ ДОЛАРИ ИЛИ (Б) ИЗНОСОТ ШТО СТЕ ГО ПЛАТИЛЕ, АКО ИМА ТАКОВ, КОН TINDER ЗА УСЛУГИТЕ ВО ПЕРИОД ОД ДВАЕСЕТ И ЧЕТИРИ (24) МЕСЕЦИ НЕПОСРЕДНО ПРЕД ДАТУМОТ КОГА ПРВПАТ СТЕ ПОДНЕЛЕ ТУЖБА, АРБИТРАЖА ИЛИ СТЕ ПОВЕЛЕ НЕКОЈА ДРУГА ПРАВНА ПОСТАПКА ПРОТИВ TINDER, БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ТОА Е ЗАКОНСКИ, ЗА ОБЕСШТЕТУВАЊЕ ИЛИ ЗА (НЕ)ПОСТАПУВАЊЕ, ПРЕД КОЈ БИЛО СУД.
ОГРАНИЧУВАЊЕТО НА ОБЕСШТЕТУВАЊЕТО УТВРДЕНО ВО ПРЕТХОДНАТА РЕЧЕНИЦА ВАЖИ (i) БЕЗ РАЗЛИКА НА ОСНОВАТА НА КОЈА СЕ ЗАСНОВА ОДГОВОРНОСТА (ДАЛИ СЕ РАБОТИ ЗА ПРЕКРШОК, ДОГОВОР, ДЕЛИКТ, ЗАКОН, ИЛИ ДРУГО), (ii) БЕЗ ОГЛЕД НА ВИДОТ НА ПОВРЕДА НА ПРАВАТА, ПРИВИЛЕГИИТЕ ИЛИ ОБВРСКИТЕ И (iii) ЗА СИТЕ НАСТАНИ, УСЛУГАТА И ЗА ОВОЈ ДОГОВОР.
ОДРЕДБИТЕ ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТ УТВРДЕНИ ВО ОВОЈ ДЕЛ 14 ВАЖАТ ДУРИ И АКО ПРАВНИТЕ ЛЕКОВИ СПОРЕД ОВОЈ ДОГОВОР НЕ СЕ СПРОВЕДАТ ЗА ОСНОВНАТА ЦЕЛ. НЕКОИ ЈУРИСДИКЦИИ НЕ ДОЗВОЛУВААТ ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДРЕДЕНА ШТЕТА, ТАКА ШТО НЕКОИ ИЛИ СИТЕ ОГРАНИЧУВАЊА ВО ОВОЈ ДЕЛ МОЖЕ ДА НЕ ВАЖАТ ЗА ВАС.
15. РЕШАВАЊЕ СПОРОВИ
Во случај да имаме правен спор, што е малку веројатно, еве како страните се согласуваат да постапат, освен онаму каде што тоа е забрането со важечкиот закон.
15 (а) НЕФОРМАЛЕН ПРОЦЕС НА РЕШАВАЊЕ СПОРОВИ
Ако не сте задоволен/а со услугите од некаква причина, прво обратете се во Службата за корисници на Tinder за да можеме да се обидеме да го решиме тоа што ве загрижува без потреба од надворешна помош. Ако изберете да поведете спор или тужба против Tinder, овие услови ќе важат. За потребите на овој процес на решавање спорови и арбитражни постапки утврдени во Дел 15, „Tinder“ ги опфаќа поврзаните фирми, вработените, давателите на лиценци и давателите на услуги.
Tinder го цени својот однос со вас и ја цени заемната корист од неформалното решавање спорови. „Спор“ е секој спор, тужба или контроверзност помеѓу вас и Tinder што произлегува од или на некој начин е поврзан со овој Договор (вклучувајќи и секакво наводно прекршување на овој Договор), со услугата или со односот со вас. „Спор“ како што се користи во овој Договор го има најширокото можно значење и опфаќа побарувања кои произлегле пред постоењето на овој или на кој било претходен договор, побарувања што можат да произлезат за време на овој Договор, како и побарувања што можат да произлезат по прекинот на овој Договор (освен ако овој Договор не биде заменет со последователен Договор склучен од вас и Tinder).
Ако имате спор со Tinder („спорот“), пред формално да поведете арбитражна постапка или спор пред суд за мали побарувања, се согласувате прво да пратите детално известување („Известување“) до CT Corporation, c/o Tinder, 1209 Orange Street, City of Wilmington, County of New Castle, Delaware 19801, USA. Ако Tinder има спор со вас („спор на Tinder“), Tinder се согласува прво да ви прати известување на најновата адреса на е-пошта што ја имаме во евиденција кај нас или, ако немаме адреса на е-пошта во евиденцијата, на други податоци за контакт поврзани со вашата корисничка сметка.
Известувањето мора да ги содржи сите од следниве информации: (1) име и презиме; (2) информации што му овозможуваат на Tinder да ја идентификува вашата корисничка сметка, вклучувајќи фотографија или слика од екранот на профилот, адреса, број на мобилен телефон, адреса на е-пошта и датум на раѓање што сте ги користеле за да ја регистрирате корисничката сметка, доколку ги има; и (3) детален опис на спорот, вклучувајќи ја природата и фактичката основа на побарувањето и обесштетувањето што го барате со соодветна пресметка на наводната штета (ако има таква). Мора лично да го потпишете ова известување за да биде полноважно. Известувањето за спорот на Tinder, исто така, мора да содржи детален опис на спорот на Tinder, при што ќе се опише природата и фактичката основа на барањето и на обесштетувањето што се бара, со соодветна пресметка на штетата (ако има таква).
Вие и Tinder се согласувате потоа добронамерно да преговарате во обид да го решите спорот. Како дел од овие добронамерни преговори, Tinder може да побара телефонски разговор со вас за да разговарате за спорот, и се согласувате лично да учествувате, со својот адвокат доколку ве застапува правен застапник. Исто така, може да побарате телефонски разговор за да разговарате за спорот на Tinder со вас, и Tinder се согласува да учествува со еден свој претставник. (За да нема сомневање, ако пратите известување во врска со укинувањето на корисничката сметка од страна на Tinder, како што е наведено во Дел 4 погоре, таквиот спор не е спор на Tinder со вас.) Овој неформален процес треба да доведе до решавање на спорот.
Сепак, ако спорот не биде решен во рок од 60 дена по приемот на целосно пополнето известување и страните не се согласиле поинаку меѓусебно за продолжување на временскиот период за ова неформално решавање на спорот, вие или Tinder може да поведете арбитража (во зависност од правото на странката да избере суд за мали побарувања, како што е предвидено подолу). Завршувањето на ова неформално решавање на споровите е предуслов за покренување барање за арбитража или тужба пред суд за мали побарувања (освен до онаа мера до која судот утврди дека е применлив „Законот за престанување на присилната арбитража за сексуален напад и вознемирување"). Непридржувањето до ова се смета за прекршување на овој Договор. Рокот на застарување и сите рокови за уплата на уписната такса мируваат додека вие и Tinder сте вклучени во овој неформален процес на решавање спорови. Освен ако не е забрането со важечкиот закон, давателот на арбитражата, Национална арбитража и медијација (NAM), не прифаќа или не администрира никакво барање за арбитража и административно ја затвора секоја арбитража освен ако странката што го поднесува таквото барање за арбитража може писмено да потврди дека целосно се исполнети правилата и условите на овој неформален процес на решавање спорови. Надлежниот суд е надлежен да ја спроведе оваа одредба и соодветно да наложи арбитражна постапка или тужба пред суд за мали побарувања.
Сите понуди, ветувања, однесување и изјави дадени во текот на неформалниот процес на решавање спорови од која било странка, нејзините застапници, вработени и адвокати се доверливи и не се прифатливи за никаква цел во ниту една наредна постапка (освен ако е потребно за да се потврди во писмена форма дека странката ги исполнила барањата за овој неформален процес на решавање спорови пред да започне арбитража во NAM), под услов доказите што инаку се допустливи или откривливи да не станат недопустливи или неоткривливи.
15 (б). ИНДИВИДУАЛНО ОБЕСШТЕТУВАЊЕ: ОТКАЖУВАЊЕ ОД ГРУПНА ТУЖБА И ОД СУДЕЊЕ СО ПОРОТА
КОЛКУ ШТО Е ДОЗВОЛЕНО ВО РАМКИТЕ НА ЗАКОНОТ, ВИЕ И TINDER СЕ ОТКАЖУВАТЕ ОД ПРАВОТО НА СУДЕЊЕ СО ПОРОТА И ОД ПРАВОТО ДА ВОДИТЕ СПОР ВО СУД ВО КОРИСТ НА ИНДИВИДУАЛНА АРБИТРАЖА (ОСВЕН ДО ОНОЈ СТЕПЕН ДО КОЈ СУДОТ УТВРДИ ДЕКА Е ПРИМЕНЛИВ „ЗАКОНОТ ЗА ПРЕСТАНУВАЊЕ НА ПРИСИЛНАТА АРБИТРАЖА ЗА СЕКСУАЛЕН НАПАД И ВОЗНЕМИРУВАЊЕ“). ВИЕ И TINDER СЕ ОТКАЖУВАТЕ ОД ПРАВОТО ДА ПОДНЕСУВАТЕ ИЛИ ДА УЧЕСТВУВАТЕ ВО ГРУПНА ТУЖБА ПРОТИВ ДРУГИОТ ИЛИ НА ДРУГ НАЧИН ДА БАРАТЕ ОБЕСШТЕТУВАЊЕ НА ГРУПНА ОСНОВА, ВКЛУЧУВАЈЌИ ГИ И СИТЕ ТЕКОВНИ ТУЖБИ ПРОТИВ TINDER. КОЛКУ ШТО Е ДОЗВОЛЕНО ВО РАМКИТЕ НА ЗАКОНОТ, НЕМА НИКАКВО ПРАВО ИЛИ НАДЛЕЖНОСТ ДА СЕ СУДИ ИЛИ ДА СЕ ОГЛАСУВА ТУЖБА НА ГРУПНА, КОЛЕКТИВНА, ПРЕТСТАВНИЧКА, КОНСОЛИДИРАНА ОСНОВА ИЛИ ПО ТУЖБА НА ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ.
АРБИТEРОТ МОЖЕ ДА ДОДЕЛИ ИСТО ТАКВО ОБЕСШТЕТУВАЊЕ КОЕ Е ДОСТАПНО ВО СУДОТ, ПОД УСЛОВ ДА МОЖЕ ДА ДОДЕЛИ САМО КОНЕЧНО ОБЕСШТЕТУВАЊЕ (ВКЛУЧУВАЈЌИ СУДСКА ЗАБРАНА ИЛИ ДЕКЛАРАТИВНО ОБЕСШТЕТУВАЊЕ) ВО КОРИСТ НА ОНОЈ ЗА КОГО СЕ ОДНEСУВА ОБЕСШТЕТУВАЊЕТО И САМО ДО ОНОЈ СТЕПЕН ШТО Е ПОТРЕБЕН ЗА ДА СЕ ОБЕЗБЕДИ КОНЕЧНО ОБЕСШТЕТУВАЊЕ ГАРАНТИРАНО СО БАРАЊЕТО НА ТОА ЛИЦЕ. АРБИТЕРОТ МОЖЕ ДА НЕ ДОДЕЛИ КОНЕЧНО ОБЕСШТЕТУВАЊЕ ЗА, ПРОТИВ ИЛИ ВО ИМЕ НА ЛИЦЕ КОЈ НЕ Е СТРАНКА НА АРБИТРАЖАТА НА ГРУПНА, КОЛЕКТИВНА, ПРЕТСТАВНИЧКА ТУЖБА ИЛИ ПО ТУЖБА НА ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ.
ДОКОЛКУ СУДОТ ОДРЕДИ ДЕКА НЕКОЈА ОД ЗАБРАНИВЕ ВО ОВОЈ СТАВ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ИЗВРШИ ЗА ОДРЕДЕНА ТУЖБА ИЛИ БАРАЊЕ ЗА ОБЕСШТЕТУВАЊЕ (КАКО БАРАЊЕ ЗА ЈАВЕН СУДСКИ НАЛОГ), И СИТЕ ЖАЛБИ НА ТАКВАТА ОДЛУКА СЕ ПОТВРДАТ И ТАКВАТА ОДЛУКА СТАНЕ КОНЕЧНА, ТОГАШ ВИЕ И TINDER СЕ СОГЛАСУВАТЕ ДЕКА ТАА КОНКРЕТНА ТУЖБА ИЛИ БАРАЊЕ ЗА ОБЕСШТЕТУВАЊЕ ЌЕ ПРОДОЛЖИ НА СУД, НО ЌЕ БИДЕ ВО МИРУВАЊЕ ДОДЕКА НЕ ЗАВРШИ ИНДИВИДУАЛНАТА АРБИТРАЖА ЗА ОСТАНАТИТЕ ТУЖБИ ЗА ОБЕСШТЕТУВАЊЕ ШТО СТЕ ГИ ПОДНЕЛЕ. ДОКОЛКУ СЕ УТВРДИ ДЕКА ОВОЈ КОНКРЕТЕН СТАВ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ИЗВРШИ, ТОГАШ ЦЕЛА ОВАА АРБИТРАЖНА ОДРЕДБА (ОСВЕН ОТКАЖУВАЊЕТО ОД СУДЕЊЕ СО ПОРОТА И НЕФОРМАЛНИОТ ПРОЦЕС НА РЕШАВАЊЕ СПОРОВИ) Е НИШТОВНА И НЕВАЖЕЧКА. ОВОЈ ПАСУС Е СУШТИНСКИ ДЕЛ ОД ОВОЈ АРБИТРАЖЕН ДОГОВОР.
15 (в) РЕШАВАЊЕ СПОРОВИ ПРЕКУ АРБИТРАЖА ИЛИ СУД ЗА МАЛИ ПОБАРУВАЊА
Секој спор (што не е решен неформално од страна на Службата за корисници на Tinder или во неформалниот процес за решавање на спорови, како што е предвидено во подделот 15а погоре) се решава исклучиво преку ОБВРЗУВАЧКА ИНДИВИДУАЛНА АРБИТРАЖА, освен за следниве видови спорови:
Спорови кои се во надлежност на судот за мали побарувања: Или вие или Tinder може да изберете за индивидуална тужба да решава судот за мали побарувања. Ако барањето за постапување во судот за мали побарувања е поднесено откако веќе е поведена арбитража, но пред да биде назначен арбитер, таквата арбитража административно ја затвора давателот на арбитражата (на пр., NAM). Ниту една одлука донесена од страна на судот за мали побарувања нема преклузивно дејство во ниту една постапка во која е вклучен Tinder и некој друг освен вас. Ако судот за мали побарувања конкретно утврди дека не е надлежен да решава за спорот, вие и Tinder го решавате спорот според условите на овој Договор. Ако судот за мали побарувања ја задржи надлежноста над одредени тужби, тие тужби прво се разгледуваат во судот за мали побарувања. Ако има дополнителни тужби кои не се во надлежност на судот за мали побарувања, вие и Tinder го решавате спорот според условите на овој Договор.
Спорови за тоа дали спорот е во надлежност на судот за мали побарувања: Секоја контроверсност во врска со надлежноста на судот за мали побарувања ја утврдува исклучиво тој суд за мали побарувања. Ако судот за мали побарувања не може или не сака да ја реши таквата контроверзност, несогласувањата за тоа дали даден спор е во надлежност на судот за мали побарувања можат да се решат на друг начин од надлежен суд. Ако вие или Tinder го оспорите изборот на судот за мали побарувања во спорот, а надлежниот суд утврди дека изборот на судот за мали побарувања не може да се спроведе, тогаш таквиот избор се одвојува од овој Договор во однос на вашиот спор. Меѓутоа, таквата судска одлука не се смета за обврзувачка или нема преклузивно дејство во однос на ниту една постапка во која е вклучен Tinder и некој друг освен вас.
Доколку вашите тужби се опфатени со „Законoт за престанување на присилната арбитража за сексуален напад и вознемирување“: Ако судот утврди дека EFAA ги опфаќа вашите побарувања, со побарувањето може да се постапи во согласност со Дел 17.
Спорови од одредени надлежности: Секој поддел во овој Дел за решавање спорови што е забранет со закон, не се применува на корисниците што живеат во таа јурисдикција, вклучувајќи ги подделовите 15 (б), 15 (в), 15 (г) и 15 (д), кои нема да важат за корисници што живеат во ЕУ, ЕЕА, Обединетото Кралство или во Швајцарија. Онлајн-платформата за решавање спорови на Европската комисија е достапна на https://consumer-redress.ec.europa.eu/index_en. Tinder не учествува во постапките за решавање спорови пред арбитражно тело за корисници што живеат во ЕУ, ЕЕА, Обединетото Кралство или во Швајцарија.
За сите други прашања (освен ако не е поинаку предвидено овде) исклучиво одлучува арбитерот, вклучително, меѓу другото, опсегот и спроведливоста на овој Дел за решавање спорови, како што се прашања за погодноста за арбитража, барање за постапување пред судот за мали побарувања поднесено по назначувањето арбитер, и секој спор за тоа дали некоја од страните го прекршува или неисполнува Делот за решавање спорови или експлицитно или имплицитно се откажала од правото да оди на арбитража.
Секоја судска постапка за спроведување на овој Дел 15 за решавање спорови, вклучително и секоја постапка за потврдување, изменување или поништување на арбитражната пресуда, мора да се започне во согласност со Дел 17. Во случај кога Дел 15 за решавање спорови од некоја причина се смета за неспроведлив, парница против Tinder (освен за постапките пред судови за мали побарувања) може да се поведе само во федералните или во државните судови на подрачјето на округот Далас, Тексас. Со ова, неотповикливо давате согласност тие судови да ја користат својата надлежност над вас за такви цели и се откажувате од секое тврдење дека таквите судови се неприфатливи.
15 (г) ПРОТОКОЛИ ЗА ИНДИВИДУАЛНА АРБИТРАЖА И ЗА МАСОВНА АРБИТРАЖА
Овој поддел 15 (г) се однесува на спорови што се доставуваат до NAM по целосно завршување на неформалниот процес на решавање спорови опишан во поддел 15 (а) погоре и кога не е извршен избор на суд за мали побарувања од ваша страна или од страна на Tinder. Секоја арбитража помеѓу вас и Tinder ја администрира NAM во согласност со Сеопфатните оперативни правила и процедури за решавање спорови на NAM („Правилата на NAM“) кои важат во моментот кога некое барање за арбитража се поднесува до NAM, како што се модифицирани со овој Дел 15 за решавање спорови. За примерок од Правилата на NAM, посетете ги Rules, Fees & Forms - National Arbitration and Mediation или контактирајте со NAM на NAM’s National Processing Center, 990 Stewart Avenue, 1st Floor, Garden City, NY 11530 или на адресата на е-пошта на commercial@namadr.com. Ако NAM не е во можност или не сака да ги извршува своите должности според овој Договор, страните меѓусебно се договараат за алтернативен администратор кој ќе го замени NAM и ќе ја преземе улогата на NAM во согласност со овој Договор и овој Договор важи во случај на конфликт со правилата на давателот на арбитражата. Доколку страните не можат да се договорат, ќе поднесат барање до надлежен суд да назначи давател на арбитража кој ќе ги преземе должностите на NAM според овој Договор и овој Договор ќе важи во случај на конфликт со правилата на давателот на арбитражата.
Страните се согласуваат дека следните постапки ќе се применуваат на сите арбитражи поведени според овој дел за решавање спорови (освен во случај на избор на суд за мали побарувања од некоја од страните, како што е опишано погоре):
Поведување арбитражна постапка - За да поведете арбитражна постапка, вие или Tinder праќате барање за арбитража до NAM („барање за арбитража“) во кое детално ги опишувате побарувањата и барањето за обесштетување, во согласност со барањата во овој Договор и во Правилата на NAM. Ако пратите барање за арбитража, го праќате и до Tinder на CT Corporation, 1209 Orange Street, City of Wilmington, County of New Castle, Delaware 19801, USA, во рок од 7 дена од доставувањето на барањето за арбитража до NAM. Доколку Tinder прати барање за арбитража, ќе ви го пратиме и на поштенската адреса што ја имаме во евиденција кај нас во истиот период од 7 дена. Ако немаме поштенска адреса, ќе ви го пратиме на адресата на е-пошта што ја имаме во евиденција или, ако немаме адреса на е-пошта во евиденција, на други податоци за контакт поврзани со вашата корисничка сметка. Давателот на услуги за арбитража не прифаќа ниту администрира барања за арбитража и административно го затвора секое такво барање за арбитража што на писмено не потврдува дека странката ги исполнува условите од Дел 15 за решавање спорови или ако некоја од страните избере суд за мали побарувања како што е наведено погоре.
Такси – Плаќањето на таксите за NAM се уредува со Правилата на NAM, освен доколку случајот е дел од масовна тужба (како што е дефинирано подолу) или таксите и трошоците за NAM (вклучувајќи ги и таксите за арбитерот) што ги плаќа едната страна се прераспределуваат по наредба на арбитерот откако утврдил дека (а) некоја од страните го прекршила Дел 15 од овој Договор, (б) таквата прераспределба се бара според овој Договор, или (в) прераспределбата е поинаку дозволена според важечкиот закон. Доколку му покажете докази на Tinder дека имате финансиски тешкотии, ќе го разгледаме вашето добронамерно барање да го платите својот дел од важечката уписна такса. Tinder се залага да осигури дека арбитражните трошоци за клиентите не претставуваат бариера за решавање на споровите. Ако Tinder поведе арбитражна постапка против вас, ние ќе ги платиме сите такси за NAM.
Арбитер – Арбитражата ја води единствен, неутрален арбитер („арбитер на тужбата“), со помош од арбитер на постапката назначен според Правилата на NAM. (Терминот „арбитер“ се однесува и на арбитерот на тужбата и на арбитерот на постапката). Ако некоја страна избере рочиште, арбитерот се наоѓа во или во близина на локацијата во која живеете. Арбитерот е обврзан со и се придржува кон овој Договор. Во случај на конфликт меѓу Правилата на NAM и овој Договор, важат условите од овој Договор. Ако арбитерот утврди дека строгата примена на некој услов од Дел 15 од овој Договор (освен изборот за мали побарувања, што го определува судот за мали побарувања), може да доведе до во основа неправедна арбитража („неправеден услов“), тогаш арбитерот има овластување да го модифицира неправедниот услов онолку колку што е неопходно за да обезбеди во основа праведна арбитража што е во согласност со Условите за користење („модифициран услов“). За одредување на суштината на модифицираниот услов, арбитерот одредува услов што е најблиску до изразување на намерата на неправедниот услов.
Решавање по кратка постапка - Странките се согласуваат дека арбитерот на тужбата има овластување да размисли за решавање по кратка постапка без усно доказно рочиште. Решавање по кратка постапка може да се побара во следните случаи: (а) во рок од 30 дена по именувањето на арбитерот на тужбата, странката може да побара да поднесе барање за решавање по кратка постапка во зависност од поднесоците; и (б) не подоцна од 30 дена пред доказното рочиште, странката може да побара да поднесе барање за решавање по кратка постапка во зависност од поднесоците и доставените докази од страните.
Докажување – Секоја страна може (а) да достави до пет барања за релевантни, непривилегирани документи од другата страна; и (б) да побара од другата страна да обезбеди потврдени одговори на најмногу 5 релевантни барања за дополнителни информации (вклучувајќи подделови). Освен ако двете страни не се договорат поинаку, не смеат да се користат други форми на докажување (вклучувајќи усни искази). Сите такви барања за докажување мора да ѝ се достават на другата страна во рок од 21 ден по состанокот со арбитерот на тужбата. Тужениот му ги обезбедува на тужителот сите подготвени, непривилегирани документи, одговори потпишани од самата страна на поднесените барања за дополнителни информации и/или сите приговори на барањата во рок од 30 дена по приемот на барањата или, во случај на приговор на некое барање за докажување, 30 дена откако арбитерот на тужбата ќе го реши спорот. Во случај некоја од страните да побара од арбитерот на тужбата да размисли за решавање на поднесоците по кратка постапка, таквите рокови за писмен одговор на барањето за докажување се продолжуваат до 30 дена по конечната одлука на арбитерот на тужбата за таквото решавање по кратка постапка. Ако по средбата и советувањето, страните не можат да се договорат за спорот во врска со докажувањето или барање за продолжување на роковите, прашањето без одлагање се поднесува до арбитерот на тужбата заради решавање. При одлучување околу некое докажување, арбитерот на тужбата ги зема предвид природата, износот и опсегот на основното барање за арбитража, трошоците и трудот што е потребен за доставување на бараното докажување, распоредот на предметот и дали бараното докажување е навистина потребно за соодветна подготовка на тужбата или на одбраната и за целите на NAM за ефикасно и економично разрешување. Товарот за утврдување добра причина за секое дополнително докажување е на барателот.
Доверливост - По барање на која било од страните, арбитерот ќе издаде наредба со која се бара доверливите информации на која било страна откриени во текот на арбитражата (во писмена или во усна форма) да не смеат да се употребуваат или откриваат освен ако тоа не е поврзано со арбитражата или со постaпка чија цел е да се спроведе одлуката на арбитражата и секое дозволено поднесување на доверливите информации до судот мора да се направи во запечатен плик.
Арбитражно рочиште - Вие и Tinder имате право на фер доказно рочиште (т.е судење) пред арбитерот на тужбата. Арбитражните постапки обично се поедноставни, поевтини и попрецизни од судењата и другите судски постапки. Страните се согласуваат да се откажат од сите усни расправи и наместо тоа да ги достават сите спорови до арбитерот на тужбата за пресуда врз основа на писмени поднесоци и други докази како што ќе се договорат страните, освен ако некоја страна побара усна расправа најмалку во рок од 10 дена откако тужениот ќе поднесе одговор. Доколку се бара усно доказно рочиште, двете страни мора да бидат лично присутни на рочиштето, без разлика дали некоја од страните има правен застапник. Двете страни мора лично да присуствуваат на рочиштето. Ако некоја од страните лично не присуствува на рочиштето, во случај кога нема одлагање по налог на арбитерот на тужбата поради добра причина, тоа ќе доведе до носење пресуда против таа страна.
Арбитражна одлука - Без оглед на форматот на арбитражата, арбитерот на тужбата ќе донесе промислена писмена одлука во рок од 30 дена по рочиштето, или ако не се одржало рочиште, во рок од 30 дена по крајниот рок за побивање или додатни искази. Во одлуката мора јасно да се наведе надоместокот, доколку следува, а и треба да содржи краток исказ за причините за одлуката. Арбитражната одлука е обврзувачка само помеѓу вас и Тиндер и нема да има никакво преклузивно дејство во друга арбитража или постапка во која е вклучена некоја друга страна. Арбитерот на тужбата, сепак, може да избере да ги разгледа пресудите од други арбитражи во кои е вклучена друга страна. Арбитерот може да досуди такси и трошоци како што е предвидено со Правилата на NAM или онолку колку што тие такси и трошоци би можеле да бидат досудени на суд. Ова ја опфаќа, меѓу другото, способноста на арбитерот да досуди такси и трошоци ако утврди дека тужбата или одбраната се несериозни или се поднесени за несоодветна цел, со цел вознемирување или злонамерно.
Понуда за порамнување - Тужениот може, но не е обврзан, да поднесе писмена понуда за порамнување до спротивната страна во секое време пред доказното рочиште или, доколку е дозволено решавање по кратка постапка, пред да биде одобрено барањето за решавање по кратка постапка. Износот или условите на понудата за порамнување не смее да му се откријат на арбитерот на тужбата пред тој да донесе пресуда за побарувањето. Ако пресудата е во корист на спротивната страна и е помала од понудата за порамнување на тужениот или ако пресудата е во корист на тужениот, спротивната страна мора да ги плати трошоците на тужениот настанати по давањето на понудата, вклучувајќи ги и сите адвокатски надомести. Ако некој важечки закон или судска пракса забранува замена на трошоците направени во арбитражата, тогаш понудата во оваа одредба служи за да се прекине акумулацијата на трошоците на коишто има право тужителот за причината за тужење за која тужи.
Масовна тужба - Ако во дадено време, 25 или повеќе слични барања за арбитража се изнесат против Tinder или поврзаните страни од истиот правен застапник или од координирани правни застапници или субјекти („масовна тужба“), во согласност со дефиницијата и критериумите за масовна тужба утврдени во Дополнителните правила и процедури на NAM за решавање спорови при масовна тужба („Правила на NAM за масовна тужба“, достапни на Rules, Fees & Forms - National Arbitration and Mediation), се применуваат дополнителните протоколи утврдени подолу.
Ако вие или вашиот правен застапник поднесете барање за арбитража што се вклопува во дефиницијата за масовна тужба наведена погоре, тогаш се согласувате дека за барањето за арбитража важат дополнителните протоколи утврдени во овој поддел за масовна тужба. Исто така, прифаќате дека одлучувањето за спорот може да задоцни и дека важечкиот рок за застареност не тече од моментот кога ќе бидат избрани за постапување првите предмети додека вашиот предмет не биде избран за постапување во пробна постапка.
Правилата на NAM за масовна тужба се применуваат доколку NAM смета, по свое видување и во согласност со своите правила и овој Дел за решавање спорови, дека спорот е дел од масовна тужба. Ваквиот избор на Правилата на NAM за масовна тужба и на распоредот на поврзаните такси мора да го направите вие или Tinder во писмена форма и да го доставите до NAM и до сите страни.
Пробна постапка. Судовите и администраторите на арбитражата охрабруваат да се користат пробни постапки кога има повеќе спорови кои вклучуваат слични барања против истите или поврзани страни. За првата група пробни постапки, правниот застапник на тужителите со масовна тужба (вклучувајќи ве и вас) и правниот застапник на Tinder избираат по 15 барања за арбитража (вкупно 30) кои ќе се процесираат, и најмногу тие 30 арбитражни постапки се поведуваат, се обработуваат, се решаваат или се во тек, при што за секоја од 30-те поединечни арбитражи решава различен арбитер на тужбата. За тоа време, не може да се поднесуваат, обработуваат, решаваат или да бидат во тек други барања за арбитража што се дел од масовната тужба.
Ако страните не можат да ги решат преостанатите барања за арбитража откако ќе се донесе пресуда за или на друг начин ќе се реши првата група пробни постапки, тогаш страните продолжуват со дополнителни четири (4) круга пробни постапки, зголемувајќи го бројот на барања за арбитража што ги избира правниот застапник на секоја страна за пет (5) во секој круг, така што во текот на вториот круг, правните застапници на тужителите и правните застапници на Tinder избираат по дополнителни 20 барања за арбитража (вкупно 40), во третиот круг по 25 (вкупно 50), во четвртиот круг по 30 (вкупно 60) и во петтиот круг по 35 (вкупно 70). Во секој круг, со секоја од поединечните арбитражи треба да претседава различен арбитер на тужбата, и за време на овие дополнителни кругови на пробни постапки, не може да се поднесуваат, обработуваат или да се решава за други барања за арбитража кои се дел од масовната тужба откако арбитерот на постапката ќе го направи изборот. По првиот круг пробни постапки, но пред вториот круг пробни постапки, правните застапници на страните учествуваат во медијација, пред пензиониран федерален или државен судија (освен ако странките не се договорат поинаку), при што Tinder го плаќа надоместот за медијаторот. По вториот, третиот, четвртиот и по петтиот круг од пробните постапки, правните застапници на двете страни треба да разговараат за дополнителна медијација и да бараат можности за решавање на преостанатите барања за арбитража, но ќе продолжат со медијација само по добивање согласност од правните застапници на сите странки.
Ако страните не можат да ги решат преостанатите барања за арбитража откако ќе се донесе пресуда за петтата група пробни постапки или на друг начин ќе се реши, а страните одлучат да не продолжат со дополнителни кругови пробни постапки, тогаш правните застапници на тужителите и правните застапници на Tinder ќе разговараат со NAM за праведен процес за поединечно одлучување за преостанатите барања за арбитража. Во рамките на овој процес, арбитерот на постапката ќе ја донесе конечната одлука за бројот на барања за арбитража кои можат да се решаваат поединечно во дадено време, како и за начинот на избор на тоа со кои барања за арбитража ќе се продолжи, земајќи го предвид бројот на поединечни арбитражи со кои правните застапници на тужителите и правниот застапник на Tinder можат разумно да управуваат во исто време, како и бројот на поединечни арбитражи што NAM може да ги администрира. Барањето за арбитража што не било вклучено во процесот на пробни постапки ќе се смета за поднесено, обработено или пресудено само откако ќе биде избрано од страна на арбитерот на постапката. Во секое време откако ќе се реши првата група барања за арбитража (вкупно 30 барања за арбитража), страните може да се согласат да се откажат од пробната постапка за кои било дополнителни барања за арбитража за кои се смета дека се дел од масовната тужба. Таксите поврзани со барањето за арбитража што е вклучено во масовната тужба, вклучително и таксите што ги должат Tinder и тужителите (вклучувајќи ве и вас), достасуваат за наплата само откако барањето за арбитража ќе биде избрано да продолжи како дел од групата на пробни постапки, или откако ќе го избере арбитерот на постапката по завршувањето на пробната постапка, и со тоа соодветно ќе се означи за поднесување, обработка и пресудување. Страните се охрабруваат да се состануваат и да се договараат во текот на овој процес во врска со начините на рационализирање на постапките, вклучително и да зборуваат за потенцијалните начини на зголемување на бројот на барања за арбитража што би се пресудувале во групи по кругови пробни постапки. Секоја страна може да преговара со NAM за намалување и одложување на таксите и за рационализација на постапките. Ако сте тужител како дел од масовна тужба, секој важечки рок на застарување (или друг применлив рок на ограничување) не тече почнувајќи од моментот кога ќе го започнете неформалниот процес на решавање спорови, утврден во поддел 15 (а) од овој Договор, и ако барањата за арбитража од масовната тужба што се избрани за првата група пробни постапки се поднесени, роковите за вашите побарувања не течат додека барањето за арбитража не биде избрано од правните застапници на страните за пробна постапка или од страна на арбитерот на постапката по завршувањето на пробните постапки. Судот што се наоѓа во место дозволено според Дел 17 од Договорот е надлежен да го спроведе овој поддел.Вие и Tinder се согласувате дека ги цениме интегритетот и ефикасноста на арбитражниот процес и процесот пред судовите за мали побарувања и сакаме да го искористиме процесот за правично решавање на вистинските и искрени спорови помеѓу нас. Вие и Tinder прифаќате и се согласувате добронамерно да постапувате за да обезбедите правично решавање на вистинските и искрени спорови. Страните дополнително се согласуваат дека примената на овие процедури за масовна тужба е разумно дизајнирана да доведе до ефикасно и правично судење на таквите случаи.
15 (г) ПРОТОКОЛИ ЗА ИНДИВИДУАЛНА АРБИТРАЖА И ЗА МАСОВНА АРБИТРАЖА
Овој поддел 15 (г) се однесува на спорови што се доставуваат до NAM по целосно завршување на неформалниот процес на решавање спорови опишан во поддел 15 (а) погоре и кога не е извршен избор на суд за мали побарувања од ваша страна или од страна на Tinder. Секоја арбитража помеѓу вас и Tinder ја администрира NAM во согласност со Сеопфатните оперативни правила и процедури за решавање спорови на NAM („Правилата на NAM“) кои важат во моментот кога некое барање за арбитража се поднесува до NAM, како што се модифицирани со овој Дел 15 за решавање спорови. За примерок од Правилата на NAM, посетете ги Rules, Fees & Forms - National Arbitration and Mediation или контактирајте со NAM на NAM’s National Processing Center, 990 Stewart Avenue, 1st Floor, Garden City, NY 11530 или на адресата на е-пошта на commercial@namadr.com. Ако NAM не е во можност или не сака да ги извршува своите должности според овој Договор, страните меѓусебно се договараат за алтернативен администратор кој ќе го замени NAM и ќе ја преземе улогата на NAM во согласност со овој Договор и овој Договор важи во случај на конфликт со правилата на давателот на арбитражата. Доколку страните не можат да се договорат, ќе поднесат барање до надлежен суд да назначи давател на арбитража кој ќе ги преземе должностите на NAM според овој Договор и овој Договор ќе важи во случај на конфликт со правилата на давателот на арбитражата.
Страните се согласуваат дека следните постапки ќе се применуваат на сите арбитражи поведени според овој дел за решавање спорови (освен во случај на избор на суд за мали побарувања од некоја од страните, како што е опишано погоре):
Поведување арбитражна постапка - За да поведете арбитражна постапка, вие или Tinder праќате барање за арбитража до NAM („барање за арбитража“) во кое детално ги опишувате побарувањата и барањето за обесштетување, во согласност со барањата во овој Договор и во Правилата на NAM. Ако пратите барање за арбитража, го праќате и до Tinder на CT Corporation, 1209 Orange Street, City of Wilmington, County of New Castle, Delaware 19801, USA, во рок од 7 дена од доставувањето на барањето за арбитража до NAM. Доколку Tinder прати барање за арбитража, ќе ви го пратиме и на поштенската адреса што ја имаме во евиденција кај нас во истиот период од 7 дена. Ако немаме поштенска адреса, ќе ви го пратиме на адресата на е-пошта што ја имаме во евиденција или, ако немаме адреса на е-пошта во евиденција, на други податоци за контакт поврзани со вашата корисничка сметка. Давателот на услуги за арбитража не прифаќа ниту администрира барања за арбитража и административно го затвора секое такво барање за арбитража што на писмено не потврдува дека странката ги исполнува условите од Дел 15 за решавање спорови или ако некоја од страните избере суд за мали побарувања како што е наведено погоре.
Такси – Плаќањето на таксите за NAM се уредува со Правилата на NAM, освен доколку случајот е дел од масовна тужба (како што е дефинирано подолу) или таксите и трошоците за NAM (вклучувајќи ги и таксите за арбитерот) што ги плаќа едната страна се прераспределуваат по наредба на арбитерот откако утврдил дека (а) некоја од страните го прекршила Дел 15 од овој Договор, (б) таквата прераспределба се бара според овој Договор, или (в) прераспределбата е поинаку дозволена според важечкиот закон. Доколку му покажете докази на Tinder дека имате финансиски тешкотии, ќе го разгледаме вашето добронамерно барање да го платите својот дел од важечката уписна такса. Tinder се залага да осигури дека арбитражните трошоци за клиентите не претставуваат бариера за решавање на споровите. Ако Tinder поведе арбитражна постапка против вас, ние ќе ги платиме сите такси за NAM.
Арбитер – Арбитражата ја води единствен, неутрален арбитер („арбитер на тужбата“), со помош од арбитер на постапката назначен според Правилата на NAM. (Терминот „арбитер“ се однесува и на арбитерот на тужбата и на арбитерот на постапката). Ако некоја страна избере рочиште, арбитерот се наоѓа во или во близина на локацијата во која живеете. Арбитерот е обврзан со и се придржува кон овој Договор. Во случај на конфликт меѓу Правилата на NAM и овој Договор, важат условите од овој Договор. Ако арбитерот утврди дека строгата примена на некој услов од Дел 15 од овој Договор (освен изборот за мали побарувања, што го определува судот за мали побарувања), може да доведе до во основа неправедна арбитража („неправеден услов“), тогаш арбитерот има овластување да го модифицира неправедниот услов онолку колку што е неопходно за да обезбеди во основа праведна арбитража што е во согласност со Условите за користење („модифициран услов“). За одредување на суштината на модифицираниот услов, арбитерот одредува услов што е најблиску до изразување на намерата на неправедниот услов.
Решавање по кратка постапка - Странките се согласуваат дека арбитерот на тужбата има овластување да размисли за решавање по кратка постапка без усно доказно рочиште. Решавање по кратка постапка може да се побара во следните случаи: (а) во рок од 30 дена по именувањето на арбитерот на тужбата, странката може да побара да поднесе барање за решавање по кратка постапка во зависност од поднесоците; и (б) не подоцна од 30 дена пред доказното рочиште, странката може да побара да поднесе барање за решавање по кратка постапка во зависност од поднесоците и доставените докази од страните.
Докажување – Секоја страна може (а) да достави до пет барања за релевантни, непривилегирани документи од другата страна; и (б) да побара од другата страна да обезбеди потврдени одговори на најмногу 5 релевантни барања за дополнителни информации (вклучувајќи подделови). Освен ако двете страни не се договорат поинаку, не смеат да се користат други форми на докажување (вклучувајќи усни искази). Сите такви барања за докажување мора да ѝ се достават на другата страна во рок од 21 ден по состанокот со арбитерот на тужбата. Тужениот му ги обезбедува на тужителот сите подготвени, непривилегирани документи, одговори потпишани од самата страна на поднесените барања за дополнителни информации и/или сите приговори на барањата во рок од 30 дена по приемот на барањата или, во случај на приговор на некое барање за докажување, 30 дена откако арбитерот на тужбата ќе го реши спорот. Во случај некоја од страните да побара од арбитерот на тужбата да размисли за решавање на поднесоците по кратка постапка, таквите рокови за писмен одговор на барањето за докажување се продолжуваат до 30 дена по конечната одлука на арбитерот на тужбата за таквото решавање по кратка постапка. Ако по средбата и советувањето, страните не можат да се договорат за спорот во врска со докажувањето или барање за продолжување на роковите, прашањето без одлагање се поднесува до арбитерот на тужбата заради решавање. При одлучување околу некое докажување, арбитерот на тужбата ги зема предвид природата, износот и опсегот на основното барање за арбитража, трошоците и трудот што е потребен за доставување на бараното докажување, распоредот на предметот и дали бараното докажување е навистина потребно за соодветна подготовка на тужбата или на одбраната и за целите на NAM за ефикасно и економично разрешување. Товарот за утврдување добра причина за секое дополнително докажување е на барателот.
Доверливост - По барање на која било од страните, арбитерот ќе издаде наредба со која се бара доверливите информации на која било страна откриени во текот на арбитражата (во писмена или во усна форма) да не смеат да се употребуваат или откриваат освен ако тоа не е поврзано со арбитражата или со постaпка чија цел е да се спроведе одлуката на арбитражата и секое дозволено поднесување на доверливите информации до судот мора да се направи во запечатен плик.
Арбитражно рочиште - Вие и Tinder имате право на фер доказно рочиште (т.е судење) пред арбитерот на тужбата. Арбитражните постапки обично се поедноставни, поевтини и попрецизни од судењата и другите судски постапки. Страните се согласуваат да се откажат од сите усни расправи и наместо тоа да ги достават сите спорови до арбитерот на тужбата за пресуда врз основа на писмени поднесоци и други докази како што ќе се договорат страните, освен ако некоја страна побара усна расправа најмалку во рок од 10 дена откако тужениот ќе поднесе одговор. Доколку се бара усно доказно рочиште, двете страни мора да бидат лично присутни на рочиштето, без разлика дали некоја од страните има правен застапник. Двете страни мора лично да присуствуваат на рочиштето. Ако некоја од страните лично не присуствува на рочиштето, во случај кога нема одлагање по налог на арбитерот на тужбата поради добра причина, тоа ќе доведе до носење пресуда против таа страна.
Арбитражна одлука - Без оглед на форматот на арбитражата, арбитерот на тужбата ќе донесе промислена писмена одлука во рок од 30 дена по рочиштето, или ако не се одржало рочиште, во рок од 30 дена по крајниот рок за побивање или додатни искази. Во одлуката мора јасно да се наведе надоместокот, доколку следува, а и треба да содржи краток исказ за причините за одлуката. Арбитражната одлука е обврзувачка само помеѓу вас и Тиндер и нема да има никакво преклузивно дејство во друга арбитража или постапка во која е вклучена некоја друга страна. Арбитерот на тужбата, сепак, може да избере да ги разгледа пресудите од други арбитражи во кои е вклучена друга страна. Арбитерот може да досуди такси и трошоци како што е предвидено со Правилата на NAM или онолку колку што тие такси и трошоци би можеле да бидат досудени на суд. Ова ја опфаќа, меѓу другото, способноста на арбитерот да досуди такси и трошоци ако утврди дека тужбата или одбраната се несериозни или се поднесени за несоодветна цел, со цел вознемирување или злонамерно.
Понуда за порамнување - Тужениот може, но не е обврзан, да поднесе писмена понуда за порамнување до спротивната страна во секое време пред доказното рочиште или, доколку е дозволено решавање по кратка постапка, пред да биде одобрено барањето за решавање по кратка постапка. Износот или условите на понудата за порамнување не смее да му се откријат на арбитерот на тужбата пред тој да донесе пресуда за побарувањето. Ако пресудата е во корист на спротивната страна и е помала од понудата за порамнување на тужениот или ако пресудата е во корист на тужениот, спротивната страна мора да ги плати трошоците на тужениот настанати по давањето на понудата, вклучувајќи ги и сите адвокатски надомести. Ако некој важечки закон или судска пракса забранува замена на трошоците направени во арбитражата, тогаш понудата во оваа одредба служи за да се прекине акумулацијата на трошоците на коишто има право тужителот за причината за тужење за која тужи.
Масовна тужба - Ако во дадено време, 25 или повеќе слични барања за арбитража се изнесат против Tinder или поврзаните страни од истиот правен застапник или од координирани правни застапници или субјекти („масовна тужба“), во согласност со дефиницијата и критериумите за масовна тужба утврдени во Дополнителните правила и процедури на NAM за решавање спорови при масовна тужба („Правила на NAM за масовна тужба“, достапни на Rules, Fees & Forms - National Arbitration and Mediation), се применуваат дополнителните протоколи утврдени подолу.
Ако вие или вашиот правен застапник поднесете барање за арбитража што се вклопува во дефиницијата за масовна тужба наведена погоре, тогаш се согласувате дека за барањето за арбитража важат дополнителните протоколи утврдени во овој поддел за масовна тужба. Исто така, прифаќате дека одлучувањето за спорот може да задоцни и дека важечкиот рок за застареност не тече од моментот кога ќе бидат избрани за постапување првите предмети додека вашиот предмет не биде избран за постапување во пробна постапка.
Правилата на NAM за масовна тужба се применуваат доколку NAM смета, по свое видување и во согласност со своите правила и овој Дел за решавање спорови, дека спорот е дел од масовна тужба. Ваквиот избор на Правилата на NAM за масовна тужба и на распоредот на поврзаните такси мора да го направите вие или Tinder во писмена форма и да го доставите до NAM и до сите страни.
Пробна постапка. Судовите и администраторите на арбитражата охрабруваат да се користат пробни постапки кога има повеќе спорови кои вклучуваат слични барања против истите или поврзани страни. За првата група пробни постапки, правниот застапник на тужителите со масовна тужба (вклучувајќи ве и вас) и правниот застапник на Tinder избираат по 15 барања за арбитража (вкупно 30) кои ќе се процесираат, и најмногу тие 30 арбитражни постапки се поведуваат, се обработуваат, се решаваат или се во тек, при што за секоја од 30-те поединечни арбитражи решава различен арбитер на тужбата. За тоа време, не може да се поднесуваат, обработуваат, решаваат или да бидат во тек други барања за арбитража што се дел од масовната тужба.
Ако страните не можат да ги решат преостанатите барања за арбитража откако ќе се донесе пресуда за или на друг начин ќе се реши првата група пробни постапки, тогаш страните продолжуват со дополнителни четири (4) круга пробни постапки, зголемувајќи го бројот на барања за арбитража што ги избира правниот застапник на секоја страна за пет (5) во секој круг, така што во текот на вториот круг, правните застапници на тужителите и правните застапници на Tinder избираат по дополнителни 20 барања за арбитража (вкупно 40), во третиот круг по 25 (вкупно 50), во четвртиот круг по 30 (вкупно 60) и во петтиот круг по 35 (вкупно 70). Во секој круг, со секоја од поединечните арбитражи треба да претседава различен арбитер на тужбата, и за време на овие дополнителни кругови на пробни постапки, не може да се поднесуваат, обработуваат или да се решава за други барања за арбитража кои се дел од масовната тужба откако арбитерот на постапката ќе го направи изборот. По првиот круг пробни постапки, но пред вториот круг пробни постапки, правните застапници на страните учествуваат во медијација, пред пензиониран федерален или државен судија (освен ако странките не се договорат поинаку), при што Tinder го плаќа надоместот за медијаторот. По вториот, третиот, четвртиот и по петтиот круг од пробните постапки, правните застапници на двете страни треба да разговараат за дополнителна медијација и да бараат можности за решавање на преостанатите барања за арбитража, но ќе продолжат со медијација само по добивање согласност од правните застапници на сите странки.
Ако страните не можат да ги решат преостанатите барања за арбитража откако ќе се донесе пресуда за петтата група пробни постапки или на друг начин ќе се реши, а страните одлучат да не продолжат со дополнителни кругови пробни постапки, тогаш правните застапници на тужителите и правните застапници на Tinder ќе разговараат со NAM за праведен процес за поединечно одлучување за преостанатите барања за арбитража. Во рамките на овој процес, арбитерот на постапката ќе ја донесе конечната одлука за бројот на барања за арбитража кои можат да се решаваат поединечно во дадено време, како и за начинот на избор на тоа со кои барања за арбитража ќе се продолжи, земајќи го предвид бројот на поединечни арбитражи со кои правните застапници на тужителите и правниот застапник на Tinder можат разумно да управуваат во исто време, како и бројот на поединечни арбитражи што NAM може да ги администрира. Барањето за арбитража што не било вклучено во процесот на пробни постапки ќе се смета за поднесено, обработено или пресудено само откако ќе биде избрано од страна на арбитерот на постапката. Во секое време откако ќе се реши првата група барања за арбитража (вкупно 30 барања за арбитража), страните може да се согласат да се откажат од пробната постапка за кои било дополнителни барања за арбитража за кои се смета дека се дел од масовната тужба. Таксите поврзани со барањето за арбитража што е вклучено во масовната тужба, вклучително и таксите што ги должат Tinder и тужителите (вклучувајќи ве и вас), достасуваат за наплата само откако барањето за арбитража ќе биде избрано да продолжи како дел од групата на пробни постапки, или откако ќе го избере арбитерот на постапката по завршувањето на пробната постапка, и со тоа соодветно ќе се означи за поднесување, обработка и пресудување. Страните се охрабруваат да се состануваат и да се договараат во текот на овој процес во врска со начините на рационализирање на постапките, вклучително и да зборуваат за потенцијалните начини на зголемување на бројот на барања за арбитража што би се пресудувале во групи по кругови пробни постапки. Секоја страна може да преговара со NAM за намалување и одложување на таксите и за рационализација на постапките. Ако сте тужител како дел од масовна тужба, секој важечки рок на застарување (или друг применлив рок на ограничување) не тече почнувајќи од моментот кога ќе го започнете неформалниот процес на решавање спорови, утврден во поддел 15 (а) од овој Договор, и ако барањата за арбитража од масовната тужба што се избрани за првата група пробни постапки се поднесени, роковите за вашите побарувања не течат додека барањето за арбитража не биде избрано од правните застапници на страните за пробна постапка или од страна на арбитерот на постапката по завршувањето на пробните постапки. Судот што се наоѓа во место дозволено според Дел 17 од Договорот е надлежен да го спроведе овој поддел.Вие и Tinder се согласувате дека ги цениме интегритетот и ефикасноста на арбитражниот процес и процесот пред судовите за мали побарувања и сакаме да го искористиме процесот за правично решавање на вистинските и искрени спорови помеѓу нас. Вие и Tinder прифаќате и се согласувате добронамерно да постапувате за да обезбедите правично решавање на вистинските и искрени спорови. Страните дополнително се согласуваат дека примената на овие процедури за масовна тужба е разумно дизајнирана да доведе до ефикасно и правично судење на таквите случаи.
15 (е) ИДНИ ИЗМЕНИ И РЕТРОАКТИВНА ПРИМЕНА
Овој Дел 15 за решавање спорови важи за сите спорови меѓу страните, вклучително и за сите побарувања што се акумулирале против вас или против Tinder пред давањето согласност со овој Договор и за сите побарувања што се акумулираат против вас или против Tinder по давањето согласност со овој Договор. Без оглед на секоја одредба во овој Договор што е спротивна, може да изберете да се откажете од ретроактивна примена на овој Дел 15 за решавање спорови во однос на побарувањата што се акумулирале против вас или против Tinder пред давањето согласност со овој Договор. Може да се откажете со тоа што ќе ни пратите писмено известување, во рок од 30 дена од времето на давањето согласност со овој Договор, на следната адреса на е-пошта: tinderoptout@match.com. Не упатувајте никакви директни прашања за службата за корисници на tinderoptout@match.com, бидејќи нема да ви бидат одговорени; таквите прашања треба да се упатат до службата за корисници. Мора да дадете информации што ќе бидат доволни за да се идентификува корисничката сметка, како што се адресата на е-пошта или телефонскиот број поврзани со корисничката сметка, и треба да дадете изјава дека се откажувате од ретроактивна примена на овој Дел 15 за решавање спорови. Имајте предвид: Ако се откажете од ретроактивна примена на овој Дел 15 за решавање спорови, за вас и понатаму ќе важат и ќе бидете обврзани со сите делови за решавање спорови и за арбитражни постапки со кои претходно сте се согласиле, вклучувајќи ги сите одредби за арбитража, деловите за откажување од колективна тужба и за ретроактивна примена. Исто така, без оглед на тоа дали ќе се откажете од ретроактивната примена на овие измени, страните ќе ги решат сите побарувања што ќе се акумулираат против вас или против Tinder по давањето согласност со овој Договор во согласност со овој Дел за решавање спорови.
16. ВАЖЕЧКИ ЗАКОН
За секој спор (освен кога тоа е забрането со закон) важат законите на Тексас и Федералниот закон за арбитража.
Разбирате и признавате дека Tinder е со седиште во Далас, Тексас. Се согласувате дека услугите, овој Договор и сите спорови, вклучително и сите тужби или спорни прашања што произлегуваат од или се однесуваат на овој Договор или на нашите услуги, се смета дека произлегле во округот Далас, Тексас, и во ниедна друга држава или округ, и дека за секој спор важат законите на Тексас и Федералниот закон за арбитража (освен кога тоа е забрането со закон). Законите на Тексас, САД, без оглед на правилата за судир на закони, експлицитно важат за секој спор што произлегува или се однесува на овој Договор или на услугите, а за процесот за решавање спорови утврден во Дел 15 важи Федералниот закон за арбитража. Двете страни се согласуваат дека овој договор за избор на надлежност може да се спроведе и се откажуваат од правото судот да врши анализа за судир на закони. Во ЕУ и во ЕЕА, изборот на тексашкиот важечки закон не важи само кога со закон за задолжителна заштита на потрошувачите експлицитно се забрануваат одредбите за избор на надлежност.
17. ИЗБОР НА ПРОСТОР/ФОРУМ
Во максималната мерка дозволена со закон, секое право кое не е предмет на арбитражна постапка од која било причина мора да се води во округот Далас, Тексас (освен за тужбите поднесени до суд за мали побарувања или за корисниците што живеат во ЕУ, Европската економска област, Обединетото Кралство или во Швајцарија или во друга јурисдикција каде што тоа е забрането со закон).
Except where prohibited by law, including for users residing in the EU, EEA, UK or Switzerland, who may bring claims in their country of residence in accordance with applicable law, and except for claims that are heard in a small claims court as set forth in Section 15, any claims arising out of or relating to this Agreement (including any challenges to the class action waiver provision in subsection 15b), to our Services, or to your relationship with Tinder that for whatever reason are not required to be arbitrated or filed in small claims court, will be litigated exclusively in the federal or state courts located in Dallas County, Texas, U.S.A. You and Tinder consent to the exercise of personal jurisdiction of courts in the State of Texas and waive any claim that such courts constitute an inconvenient forum.
18. ОБЕСШТЕТУВАЊЕ ОД ВАС
Се согласувате да го обесштетите Tinder доколку се поднесе тужба против Tinder поради вашите постапки.
Се согласувате, во рамите на важечкиот закон, да ги обесштетите, браните и да ги штитите од одговорност Tinder, поврзаните фирми и нивните и нашите службеници, директори, агенти и вработени за сите жалби, барања, побарувања, штети, загуби, трошоци, обврски и расходи, вклучително и адвокатски надоместоци, што произлегуваат од или се поврзани на некаков начин со вашите пристап до или користење на услугите, со вашите содржина, однесување кон други корисници или прекршување на овој Договор. НЕКОИ ЈУРИСДИКЦИИ НЕ ДОЗВОЛУВААТ ОБЕСШТЕТУВАЊЕ, ПА НЕКОИ ИЛИ СИТЕ ОДРЕДБИ ОД ОВОЈ ДЕЛ МОЖЕ ДА НЕ ВАЖАТ ЗА ВАС.
19. ПРИФАЌАЊЕ НА УСЛОВИТЕ
Со користењето на услугите ги прифаќате условите на овој Договор.
Со користењето на услугите, без разлика на тоа дали се работи за мобилен уред, мобилна aпликација или компјутер, се согласувате да бидете обврзани со (i) овие Услови, кои можеме повремено да ги менуваме, (ii) Политиката за приватност, Политиката за колачиња, Правилата на заедницата и Советите за безбедност (iii) со сите дополнителни услови при купувања. Ако не ги прифаќате и не се согласувате со сите услови на овој Договор, немате право да ги користите услугите. Сите заменки и нивните варијации се однесуваат на на машки, женски или среден род, еднина или множина, во зависност од идентитетот на лицата на кои упатуваат.
20. ЦЕЛ ДОГОВОР
Овој договор ги заменува сите претходни договори или тврдења за вистинитост.
Овие услови, заедно со Политиката за приватност, Политиката за колачиња, Упатствата за заедницата и Советите за безбедност и со сите дополнителни услови за купување, го сочинуваат целиот договор помеѓу вас и Tinder во врска со користењето на услугите. Условите ги заменуваат сите претходни договори, тврдења за вистинитост и аранжмани помеѓу нас, писмени или усни. Ако некоја одредба од овие услови се смета за неважечка, незаконска или на друг начин неприменлива, останатите услови и понатаму остануваат да бидат полноважни. Неостварувањето или неспроведувањето од страна на компанијата на некое право или одредба од овие услови не претставува откажување од таквото право или одредба. Се согласувате дека вашата корисничка сметка на Tinder не може да се пренесува и сите ваши права на корисничката сметка и на нејзината содржина престануваат по вашата смрт, освен ако со закон не е предвидено поинаку. Ниту едно право и лиценца стекнати со ова, не може да ги пренесувате или доделувате, но може да ги доделуваме ние без ограничување. Од овие услови не произлегува застапништво, партнерство, заедничко вложување, доверителски однос или друг посебен однос или вработување и вие не смеете да го застапувате или да го обврзувате Tinder на каков било начин.
21. ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА ОДРЕДЕНИ ДРЖАВИ
Посебни услови важат во Аризона, Калифорнија, Колорадо, Конектикат, Илиноис, Ајова, Минесота, Њујорк, Северна Каролина, Охајо, Род Ајленд и во Висконсин.
За претплатници што живеат во Њујорк:
Услугите не гарантираат никаков број „упатувања“ - напротив, функционалноста на услугите е таква што претплатникот може да прегледа онолку профили колку што сака;
По писмено известување доставено до Tinder Legal, P.O. Box 25472, Dallas, Texas 75225, USA, претплатниците може да ја стават својата претплата во мирување до една година;
Како се користат вашите информации и како може да пристапите до нив е утврдено во Дел 5 и во Политиката за приватност;
Може да ја разгледате Њујоршката повелба за правата на корисниците на услуги за запознавање.
За претплатници што живеат во Северна Каролина: Може да ги разгледате правата на купувачот од Северна Каролина.
За претплатници што живеат во Илиноис, Њујорк, Северна Каролина и во Охајо: Нашите услуги се широко достапни во Соединетите Американски Држави - ако мислите дека сте се преселиле надвор од локација каде што ги обезбедуваме услугите, обратете ни се на писмено на Tinder Legal, P.O. Box 25472, Dallas, Texas 75225, USA, и ќе се потрудиме да ви обезбедиме алтернативни услуги или поврат на средства.
За претплатници што живеат во Аризона, Калифорнија, Колорадо, Конектикат, Илиноис, Ајова, Минесота, Њујорк, Северна Каролина, Охајо, Род Ајленд и во Висконсин:
Право на откажување: Може да ја откажете претплатата, без казна или обврска, во секое време пред полноќ на третиот работен ден по датумот на претплатување.
Во случај на смрт пред крајот на периодот на претплата, вашите наследници имаат право на поврат на средствата на тој дел од уплатата што сте го направиле за претплатата, а се однесува на периодот по смртта.
Во случај на попреченост (во смисла на тоа дека не сте во состојба да ги користите услугите) пред крајот на периодот на претплата, имате право на поврат на средствата на тој дел од уплатата што сте го направиле за претплатата, а се однесува на периодот по настанувањето на попреченоста со тоа што ќе доставите известување до компанијата на ист начин како што барате поврат на средства како што е опишано погоре во Дел 8.
За претплатници што живеат во Колорадо: Дознајте повеќе за нашите политики за безбедност и пронајдете локални ресурси тука.
22.
22. SPECIAL COUNTRY TERMS
Special terms apply in Denmark and the United Kingdom.
For subscribers residing in Denmark and the United Kingdom:
If you wish to exercise your right of cancellation, you may complete and send the below standard form of cancellation. NOTE: if you purchased your subscription through Apple, the termination or cancellation must be sent to Apple.
Exception to the right of cancellation: You cannot cancel an order that includes a delivery of digital content that is not delivered on a physical medium if order processing has begun with your express, prior consent and acknowledgment that you thereby waive your right of cancellation. This applies, for example, to the purchase of Virtual Items. This means that these types of purchases are FINAL AND NON-EXCHANGEABLE OR REFUNDABLE.
Cancellation Form To MTCH Technology Services Limited, Tinder, Attn: Cancellations, MTCH Technology Services Limited, 1 Hatch Street Upper, Dublin 2, Ireland D02PY28, email: legaldept@match.com.
I hereby declare that I wish to exercise my right of withdrawal in connection with my purchase agreement for the provision of the following services:
Order number:
Order date:
Customer's name:
Customer's address:
Customer's email address:
The customer's phone number:
Date:
For users residing in the United Kingdom:
If you believe we have taken action against your content or account in a way that does not comply with these Terms, you have the right to bring a claim for breach of contract under UK law. We encourage you to first submit an appeal, as this may lead to a faster and more efficient resolution.