Често поставувани прашања

Имаш прашања
Ние имаме одговори

Профил и споеви

Каква фотографија да користам на Tinder?

Онаа каде што си баш ти. Без групни фотографии каде што треба да погодуваме, без очила за сонце што ти кријат половина лице, без заматени фотографии од 2019 година. Во фокус, со поглед напред, а ако се смееш — уште подобро. Ќе се изненадиш колку ќе ти помогне ова.

Што треба да ставам во моето био?

Што и да мислиш дека е вистина за тебе. Список на работи што те интересираат, што бараш, алудирање на нешто што само вистинската личност ќе го сфати. Може да е несериозно или нешто значајно — двете функционираат. Само нека те одразува тебе. За повеќе информации во врска со тоа што не треба да вклучиш во твоето био, погледни ги нашите Правила на заедницата.

Како да одмечувам некој?

Допри на синиот штит на нивниот профил или во разговорот за да ги отвориш Алатките за безбедност и да го отстраниш спојот. Готово. Не е потребно објаснување, не е потребно некој да биде повреден.

Како функционираат споевите на Tinder?

Двајца ќе свајпнат десно еден на друг и имаме спој. Толку едноставно.
А што ќе се случи потоа - зависи од вас.

Што значи кога Tinder вели дека имам пропуштено спој?

Тоа значи дека некој те лајкна а имаш свајпнато лево пред да дознаеш. Се случува.
Ако имаш Tinder Plus, можеш да го вратиш свајпот и повторно да го видиш профилот.

Како функционира Tinder

Дали е Tinder бесплатен?

Да. Бесплатно преземи ја апликацијата од App Store или Google Play, или користи Tinder на tinder.com. Основите (креирање профил, лајкување луѓе, спојување) се целосно бесплатни. Имаме и премиум претплати ако сакаш нешто повеќе.

Како функционира Tinder?

Постави ги твоите преференции (род, оддалеченост, ориентација), а Tinder со помош на технологија базирана на локација, ќе ти прикаже луѓе во близина што одговараат на нив. Свајп десно за Лајк, свајп лево за понатака. Спој се со некој што ќе ти возврати на лајкот и започнете разговор.

Дали профилите на Tinder се вистински?

Да, ова ни е многу важно. Фото верификацијата им овозможува на членовите да потврдат дека изгледаат како на нивните фотографии, а верификуваните профили добиваат сина ознака за штиклирање. Препорачуваме да се помине процесот на верификација. Ознаката изгледа одлично на профилот и помага заедницата да биде безбедна.

Дали може да се користи Tinder на лаптоп?

Да. Оди на tinder.com и најави се за целосното искуство на десктоп. Повеќето функции се достапни таму.

Дали Tinder е достапен во мојата земја?

Tinder е достапен во 190+ земји низ целиот свет. Ако имаш пристап до App Store или Google Play Store, можеш да го преземеш Tinder и да почнеш да запознаваш луѓе каде и да си. Функцијата Пасош исто така овозможува да се споиш на која било локација уште пред да пристигнеш таму. Без разлика дали патуваш или е само од љубопитност, ние ти го овозможуваме тоа.

Дали е Tinder безбеден?

Безбедноста ни е од најголема важност на Tinder. Со Фото верификација се потврдува дека членовите изгледаат како на нивните фотографии – верификуваните профили добиваат сина ознака за штиклирање. Алатките за безбедност се достапни во секој спој и разговор, овозможувајќи пристап со еден допир за блокирање, пријавување и отстранување на спој во секое време. Опцијата „Сподели ја мојата средба“ овозможува да ги испратиш деталите за твојата средба и локацијата до некој на кого му веруваш пред да излезеш. Верификација со документ за идентификација додава уште еден слој на доверба дека лицето со кое разговараш е навистина личноста којашто се претставува дека е. А ако нешто некогаш ти се чини како да не е во ред, можеш брзо да добиеш помош преку апликацијата. За да прочиташ повеќе, посети ја нашата страница со совети за безбедност.

Како да ја избришам мојата корисничка сметка на Tinder?

Можеш да ја избришеш твојата корисничка сметка на Tinder во кое било време преку подесувањата на апликацијата. Оди до Подесувањата, листај до долу и избери „Избриши ја корисничката сметка“. Имај предвид дека бришењето на твојата корисничка сметка е трајно: твоите споеви, пораки и профил ќе бидат отстранети. Ако ти треба само пауза, можеш да го скриеш твојот профил без да изгубиш ништо. За подетални инструкции, посети ја нашата Страница за поддршка.

Функции и претплати

Што е Tinder Plus / Gold / Platinum?

Tinder нуди три нивоа на претплата, во зависност од тоа колку функции сакаш да отклучиш. Tinder Plus ти дава неограничени лајкови, неограничени враќања, Пасош, нема реклами и има режим на анонимност. Tinder Gold нуди сè како и Plus, заедно со можноста да се види кој веќе Те лајкна, Топ избор, неделни супер лајкови и месечен Boost.
Tinder Platinum вклучува сè што има во Gold, плус можност за испраќање пораки пред спојување, приоритетни лајкови и можност да ги видиш лајковите што ги имаш испратено. Сите претплати се достапни месечно и може да се управуваат преку подесувањата на твојата апликација. Погледни ја целата споредба на нашата страница со Претплати.

Како функционира Boost?

Boost те прави топ профил во твојата област за 30 минути, што ти дава и до 10 пати поголема видливост. Побарај ја виолетовата молња кога ќе сакаш да искористиш Boost.

Што се добива со Tinder Gold?

Види кој те лајкна, неограничени лајкови, враќање, Пасош, неделни Супер лајкови, 1 месечен Boost и искуство без реклами. Сè што ти треба за да имаш контрола врз твоите споеви.

Каде можам да ги видам Супер лајковите на Tinder?

Побарај ја сината ѕвезда на профилот. Тоа е Супер лајк. Дали сакаш да видиш кој сè ти испратил Супер лајк без да погодуваш? Токму за тоа служи Gold.

Која Tinder претплата е најдобрата?

Зависи од тоа што бараш! Plus дава слобода: неограничени лајкови, враќање, пасош, без реклами. Gold ја додава можноста да видиш кој веќе Те лајкна. Platinum ти овозможува побрзо да се прикажува твојот профил со приоритетни лајкови и можност да испратиш порака пред да се споиш. Почни од таму каде што си и продолжи понатаму.

Кој ми испрати Супер лајк?

Ако сакаш да дознаеш на старомоден начин, продолжи да свајпаш и обрни внимание дали има сина ѕвезда на профилите. Ако едноставно сакаш да знеш, Gold ти ги покажува сите што те лајкнале,
вклучувајќи ги и супер лајковите.

Средби и врски

Дали Tinder ќе ми ја спонзорира свадбата?

Сме го направиле тоа и претходно и секогаш сме расположени за славење.
Испрати е-пошта на tinderstories@gotinder.com. Ајде, раскажи ни ја твојата приказна и да се запознаеме подобро.

Можеш ли да најдеш личност за состанок на Tinder?

55 милијарди спојувања зборат за нас. Создадовме функции што ќе помогнат да се истакнеш и да се поврзеш. Останатото зависи од тебе.

Можеш ли да најдеш љубов на Tinder?

Сè може да се случи овде. Имаме и сведоштва што го докажуваат тоа.

Сè уште имаш прашања? Нема да одиме никаде