Безбедност на Tinder

Вашата безбедност е на прво место.

Запознавањето нови луѓе треба да биде возбудливо, а не неизвесно. Пронајдете алатки и извори на информации што ќе ви помогнат да постојано да имате контрола, на и надвор од Tinder.

Истражете го нашиот пристап кон безбедноста

Безбедноста не е функција.Таа е нашата основа.

Затоа што кога се чувствуваш безбедно да бидеш она што си, можностите се бесконечни.

Еве како при секој чекор сме тука со тебе.

Нашиот пристап кон безбедноста

Проверка на лице¹, Фото верификација, Сподели ја мојата средба, блокирање, отстранување на спој и пријавување — сè ти е при рака. Создадено за да ти помогне да ја задржиш контролата при секој чекор.

Неколку работи што вреди да се знаат пред првата средба.

Прво, провери ја енергијата.

Прво разговарај во апликацијата, додека да направиш подобра проценка. Споделувај ги твојот број, друштвените мрежи или други лични детали само кога сметаш дека е соодветно.

Прво, сретнете се на јавно место.

Одбери место со многу луѓе за првото дружење. Кафуле, бар, парк.

Кажете некому што планирате.

Користете ја функцијата „Сподели ја мојата средба“ или кажете му на пријател со кого, каде и кога одите на средба.

Батеријата на телефонот треба секогаш да ви биде полна.

Осигурајте се дека можете да са јавите, да испратите порака, да користите мапа или ,ако е потребно, да си заминете.

Имајте контрола врз тоа како ќе стигнете таму и како ќе си одите дома.

Планирајте како ќе одите натаму и како ќе се вратите, за да можете да си заминете кога сакате.

Верувајте во своите чувствува.

Ако се чувствувате како нешто да не е во ред, верувајте ѝ на интуицијата. Во секое време можете да заминете, да блокирате, да отстраните спој, или да пријавите.

Уште неколку работи што вреди да се знаат:

Дознајте ги на Tinder.

Комбинираме технологија и човечки преглед за разговорите да бидат побезбедни. Корисниците со лоши намери честопати се обидуваат брзо да го префрлат разговорот на текстуални пораки или друга апликација — тоа е знак на кој треба да се внимава.

Патувате на некое ново место?

Ако имате додадено сексуална ориентација на профилот, автоматски ќе ја скриеме во одредени региони каде што можеби не е безбедно да се гледа. Откако ќе заминете, повторно ќе ја прикажеме на вашиот профил.

Согласноста е континуирана.

За секое искуство на Tinder, треба да има согласност од почеток до крај. Ако во кој било момент, нешто ви изгледа дека не е како што треба, верувајте си на чувствата.

Tinder е место каде што се воспоставуваат значајни врски.

Нашата заедница напредува кога сите се чувствуваат добредојдени. Затоа ги сфаќаме сериозно нашите Правила на заедницата.

Гледаш нешто што не треба да е тука? Поднеси пријава.

Секоја пријава ни помога Tinder да биде безбедно место за сите.

Прочитајте ги Правилата на заедницата

Тука сме да ви помогнеме да се чувствувате безбедно и поддржано од спојувањето до средбата.

Имаш прашања? Сите имаат барем едно.

Посети ги ЧПП

1. Проверката на лице е достапна на одредени пазари, а барањата може да варираат во зависност од локацијата.

Добро, но… зошто баш Tinder?

Tinder апликацијата ја прикажува функцијата Double date

Со функции како Double date, Музички режим, Астролошки режим, Пасош, Намера за врска и Фото верификација, Tinder и понатаму е најпопуларната апликација за запознавање во светот, достапна во 190 земји, со над 55 милијарди споеви откако го воведовме свајпот. Зад секој од тие споеви стои вистинска личност. Тоа отсекогаш беше целта. Тоа е местото каде што одиш за да запознаеш луѓе што инаку немаше да ги запознаеш: нова симпатија, сопатник за патување, постепено заљубување што се претвора во нешто вистинско. Што и да бараш, или сè уште не бараш, Tinder ти дава простор да откриеш што ти одговара.

Направи профил, постави ги твоите преференци и почни да свајпаш. Лајкни некого и ако ти возврати со лајк, ќе се споите. Потоа е на вас. Испрати порака, договори нешто, види што ќе се случи. Со функции како Double date, Музички режим, Пасош, Хемија и многу повеќе, Tinder е создаден за секој вид поврзување: лежерно, сериозно или нешто измеѓу.

Бесплатно преземи ја апликацијата Tinder на iOS и Android.

Доволно прочитавте. Сега дознајте.

Преземи Tinder

Доволно прочитавте. Сега дознајте.

Преземи Tinder