Политика за приватност
Дали живеете во Калифорнија? Погледнете ја Изјавата за приватност во Калифорнија, која ја дополнува оваа Политика на приватност.
Жителите на Вашингтон и Невада треба да ја погледнат Политиката на приватност на податоците за здравјето на потрошувачите, која ја дополнува оваа Политика на приватност.
Здраво! Добре дојдовте на Политиката на приватност на Tinder.
Знаеме дека за некого читањето политика на приватност можеби не е најдобра идеја за добро поминато време, но ислушајте нè. Вложивме многу труд да ја направиме оваа политика што е можно појасна и поинтересна, бидејќи навистина сакаме да ја прочитате! Гледајте на нас како на дигитален пилот што е тука да ве води низ деталите за тоа кои податоци ги собираме и зошто и како ги користиме. Затоа, сместете се удобно, земете си го омилениот пијалак и ајде – заедно да разјасниме некои ставови за приватноста.
Политиката на приватност важи од 31 март 2026 година. Дотогаш важи претходната верзија којашто е достапна овде.
1. Кои сме ние
Ако живеете во Европската економска заедница (ЕЕЗ), во Обединетото Кралство или во Швајцарија, компанијата одговорна за вашите податоци („контролорот на податоци“) е:
MTCH Technology Services Limited
Tinder
1 Hatch Street Upper
Dublin 2
D02 PY28
Ireland
Ако живеете во Јапонија, компанијата одговорна за вашите податоци е:
MG Japan Services GK
4F Sumitomo Fudosan Azabu Bldg
1-4-1 Mita
Minato-ku, Tokyo 108-0073
Japan
Ако живеете надвор од ЕЕЗ, Обединетото Кралство, Швајцарија и од Јапонија, компанијата одговорна за вашите податоци е:
Tinder, LLC
8750 North Central Expressway
Suite 1400
Dallas, TX 75231
Соединетите Американски Држави
2. Каде се применува оваа Политика на приватност
Оваа Политика на приватност се применува на сите веб-локации, апликации, настани и други услуги со кои управува брендот Tinder. Без разлика дали ја барате својата сродна душа, се приклучувате на еден од нашите настани или користите некоја од другите одлични услуги, оваа политика важи за вас. За поедноставување, сето ова го нарекуваме „услуга“ во оваа Политика за приватност.
Доколку, од некоја причина, некоја од услугите бара своја посебна политика на приватност, тогаш таа политика ќе ви биде достапна и ќе се применува таа политика -- не оваа Политика на приватност.
3. Податоци што ги собираме
Се подразбира дека не можеме да ви помогнеме да изградите значајни врски без да обезбедите некои информации за себе, како што се основните информации на профилот, и типот луѓе со кои би сакале да се запознаете. И користењето на услугата генерира некои информации, како што се информациите за најавување и за тоа како ја користите услугата, како и карактеристиките и заклучоците кои ги генерираме врз основа на содржината што ја доставувате. Исто така, собираме податоци и од трети страни, на пр. кога пристапувате кон услугата преку корисничката сметка на некоја од другите платформи (на пример: Facebook, Google или Apple) или кога поставувате информации од корисничката сметка на друга платформа за да го довршите профилот. Ако ве интересираат сите детали, проверете ја долунаведената таблеа.
Податоци што ни ги давате | |
Категории | Опис |
Податоци за корисничката сметка | Кога создавате корисничка сметка, ни давате основни информации за корисничката сметка, како што се телефонскиот број, адресата на е-пошта и датумот на раѓање. |
Податоци за профилот | Кога го пополнувате профилот, споделувате дополнителни детали за себе, како што се полот, интересите, преференциите, приближната локација итн. Некои од овие податоци може да се сметаат за доверливи или посебни во одредени земји, како на пример, податоци за сексуалната ориентација, сексуалниот живот, здравјето или за политичките убедувања. Доколку одлучите да ги дадете овие податоци, се согласувате да ги користиме како што е опишано во оваа Политика на приватност. |
Содржина | Кога ја користите услугата, споделувате фотографии, видеа, аудио, текст и други типови содржина, на пример, пребарувања или разговори со други членови. |
Податоци за купување | Кога ќе извршите купување или ќе побарате поврат на средства, ги чуваме деталите за трансакцијата (пр. што е купено, датумот на трансакцијата и цената). Точните податоци зависат од избраниот начин на плаќање. Кога плаќате директно кај нас (отколку преку платформа како iOS или Android), го давате бројот на дебитната или на кредитната картичка или други финансиски информации. |
Податоци за маркетинг, анкети и истражувања | Понекогаш правиме (i) анкети, фокус групи или истражувања на пазарот за потребите на истражување и (ii) промоции, настани или натпревари за маркетинг цели. Кога ќе решите да учествувате, ни давате информации за да ги обработиме учеството, како и одговорите на прашањата и повратните информации. |
Податоци од трети страни | Кога ќе изберете да споделите со нас информации за други луѓе (на пример, ако користите податоци за контакт на некој што го познавате за одредена функција или ако поднесете барање или пријава што вклучува член), ги обработуваме овие податоци во ваше име за да ви го исполниме барањето. За повеќе информации за функцијата Заеднички пријатели, погледнете тука, а може да дознаете повеќе за тоа како Tinder ги обработува информациите за лица кои не се членови тука. |
Податоци за службата за корисници | Кога ни се обраќате, ни давате информации кои може да се потребни за да го решиме барањето. И други луѓе може да поднесуваат барања или пријави кои се однесуваат на вас На крајот, со алатките и тимовите за модерација може да собереме дополнителни податоци како дел од истрагата. Доколку е законски дозволено, можеме да добиеме информации од трети страни за лица за кои има сомнеж или кои се осудени за некое сторено дело како дел од напорите да осигураме безбедност и сигурност на членовите. |
Податоци за друштвени мрежи | Вие одлучувате дали ќе споделите податоци со нас преку корисничките сметки на други платформи (на пр. Facebook, Instagram, Spotify, Apple, LinkedIn), на пример, ако одлучите да создадете и да се најавите на корисничката сметка преку овие платформи или ако одлучите да вчитате податоци како што се фотографии или плејлисти на услугата од овие платформи. |
Податоци што автоматски се собираат или генерираат | |
Категории | Опис |
Податоци за користење | Користењето на услугата генерира податоци за активноста, вклучително и за тоа како ја користите (на пример, кога сте се најавиле, функциите кои сте ги користеле, преземените активности, информациите што ви се прикажуваат, веб-страниците на кои ве упатуваат, рекламите со кои сте комуницирале) и како комуницирате со други (на пример, пребарување, совпаѓање, комуникација). Исто така добиваме податоци поврзани со интеракциите кои сте ги имале со нашите реклами на веб-страници или апликации од трети страни, доколку е применливо. |
Технички податоци | Користењето на услугата вклучува собирање на податоци од и за уредот што го користите за да пристапите на услугата, вклучувајќи ги и податоците за хардверот и софтверот, како IP-адресата, идентификацискиот број на уредот, видот на уредот, оперативните системи и конфигурации, информациите за мрежата, податоците за движењата на уредот и за сензорите, како и подесувањата и карактеристиките на апликациите, падовите на апликациите, идентификациските броеви на рекламите и идентификаторите поврзани со колачињата или со другите технологии кои можат единствено да идентификуваат некој уред или прелистувач. За повеќе информации за колачињата, видете ја Политиката за колачиња. |
Увиди и согледувања | Користењето на услугата вклучува генерирање карактеристики и согледувања, изведени од вашите интеракции и од информациите и содржината што ги обезбедувате, што ги одразуваат, на пр., вашите преференции, карактеристики, предиспозиции, однесување и ставови. |
Други податоци што ги собираме | |
Категории | Опис |
Податоци за геолокацијата | Доколку дозволите, можеме да собираме информации за вашата геолокација (географска ширина и должина). Доколку не дозволите, одредени функции кои се базираат на прецизно геолоцирање нема да бидат достапни. |
Податоци за лицето | Може да одлучите да учествувате во некоја од функциите, како што се Фото верификација, проверка со фотографија или проверка со лична карта + фото верификација, што вклучува прибирање податоци за геометријата на лицето, што во некои земји може да се смета за биометриски податок. Посетете ги овие врски за да дознаете повеќе за тоа како ги обработуваме податоците за геометрија на лицето заради фото верификација, проверка со фотографија и проверка со лична карта + фото верификација. Ако користите Tinder во регион каде што е потребна проверка на лице или ако користите Tinder на мрежата, повеќе за процесот за проверка на лице може да прочитате тука. |
Податоци за лична карта | Може да ни дадете копија од личната карта издадена од надлежниот орган, за да ни помогнете да провериме дека сте тој што велите дека сте. |
4. Зошто и како ги користиме вашите податоци
Главната причина поради која ги обработуваме вашите податоци е за да ви ја пружиме нашата услуга и да ја подобруваме со тек на време. Ова вклучува да ве поврземе со други членови кои би можеле да ви се допаднат, да го персонализираме вашето искуство и да ви помогнеме да ја користите нашата услуга на најдобар можен начин. Исто така, ги обработуваме вашите податоци за да ја одржиме нашата услуга, како и вас и другите корисници, безбедни и сигурни. Сериозно ја сфаќаме оваа одговорност и секогаш се стремиме кон подобрување на безбедноста и сигурноста на нашите системи и процеси. И да, ги обработуваме вашите податоци за да ви покажуваме релевантни реклами – ова можете да го контролирате во подесувањата. Продолжете да читате за подетално објаснување.
За повеќе информации во врска со тоа како ги обработуваме личните податоци преку „профилирање“ и „автоматизирано носење одлуки“, погледнете ги нашите ЧПП.
Цели за обработка на вашите податоци | Основи за обработка на вашите податоци | Категории на обработени податоци (Опишани во Ставка 3 од оваа Политика) |
За да ви овозможиме да ја користите нашата услуга, вклучувајќи: Создавање и раководење на вашата корисничка сметка и профил на нашата услуга Раководење и одржување на разните функции на нашата услуга За да ви препорачуваме други членови и да ве препорачаме на нив Организирање на наградни игри и натпревари Одговарање на вашите барања и прашања Следење на доброто функционирање на нашата услуга и откривање и решавање проблеми по потреба Обработка на вашите пријави за влез во некоја од нашите премиум/VIP услуги | Извршување на нашиот договор со вас Ваша согласност (кога се обработуваат чувствителни податоци или други видови податоци за кои е потребна согласност) | Податоци за корисничката сметка Податоци за профилот Содржина Податоци за купување Податоци за маркетинг, анкети и истражувања Податоци за трети страни Податоци за службата за корисници Податоци за друштвени мрежи Податоци за користење Технички податоци Увиди и согледувања Податоци за геолокацијата Податоци за лицето |
За да ги овозможиме вашите купувања на нашата услуга, вклучувајќи: Обработка на плаќања Нудење попусти и промоции, персонализирани цени | Извршување на нашиот договор со вас Наш легитимен интерес: ние имаме легитимeн интерес да обезбедиме попусти и промоции и да ги прилагодиме цените, таму каде и како што дозволува законот. | Податоци за корисничката сметка Податоци за профилот Технички податоци Податоци за купување Податоци за користење Увиди и согледувања |
За изведување на рекламни и маркетинг кампањи, вклучувајќи: Изведување и мерење на ефективноста на рекламни кампањи на нашата услуга Изведување и мерење на ефективноста на маркетинг кампањи чија цел е промоција на нашата услуга на платформи од трети страни Известувања за производи или услуги кои би можеле да ве интересираат | Согласност (кога е потребна според законот) и поради наш легитимен интерес. Во наш легитимен интерес е да ја промовираме нашата услуга и да прикажуваме реклами на нашите членови кои се прилагодени на нивните интереси, како начин да го подобриме нивното искуство и да помогнеме да се финансираат делови од нашата услуга кои не се бесплатни | Податоци за корисничката сметка Податоци за профилот Податоци за користење Податоци за маркетинг, анкети и истражувања Технички податоци Увиди и согледувања |
За да ја подобриме нашата услуга и да создадеме нови функции и услуги, како: Раководење со фокус групи, истражувања на пазарот и анкети Анализирање на начинот на користење на услугата Прегледување на интеракциите со тимот за грижа за корисници со цел да се подобри квалитетот на услугата Развивање и подобрување нови функциии и услуги, како преку машинско учење и други технологии и нивно тестирање Истражување и објавување на истражувачки трудови | Извршување на нашиот договор со вас Наш легитимен интерес: Во наш легитимен интерeс е да ја подобриме нашата услуга со тек на време Согласност кога е потребна според законот (на пр. може да обработуваме податоци кои се сметаат за чувствителни во одредени земји за да се осигураме дека разните заедници кои ја користат нашата услуга се третирани праведно и правично и дeка нашата услуга останува разновидна и сеопфатна) | Податоци за корисничката сметка Податоци за профилот Содржина Податоци за купување Податоци за маркетинг, анкети и истражувања Податоци за трети страни Податоци за службата за корисници Податоци за друштвени мрежи Податоци за користење Технички податоци Увиди и согледувања |
За да ја одржиме вашата и безбедноста на другите членови на нашата услуга и во Match Group, вклучувајќи и: За спречување, откривање и борба против прекршоци на нашите Услови, измама и други нелегални или недозволени активности За развој и подобрување на алатки за спречување, откривање и борба против прекршоци на нашите Услови, измама и други нелегални или недозволени активности За спречување на повторни прекршоци, спречувајќи лица кои веќе ги прекршиле нашите Услови да направат нова корисничка сметка Известување на лица за преземените мерки што сме ги презеле по извештаите или по потенцијалните ризици за Безбедност што ќе ги утврдиме За верифицирање на вашиот идентитет Безбедност при плаќање и борба против финансиски измами За повеќе информации за безбедноста, интегритетот и општата сигурност, прочитајте ги нашите Совети за безбедност и Правила на заедницата. | Извршување на нашиот договор со вас Наш легитимен интерес: Во наш и во интерес на нашите членови е да ја одржиме нивната безбедност За заштита на вашите и на суштинските интереси на другите членови Обезбедување на твојата безбедност и спречување на измами во процесите на идентификација и автентикација во електронските системи За почитување на законски обврски кои важат за нас, како што е отстранување на недозволена содржина Ваша согласност (кога се обработуваат чувствителни податоци или други видови податоци за кои е потребна согласност) Обработката е неопходна за заштита на суштинскиот јавен интерес: во суштинскиот јавен интерес е да ги спречуваме, да ги откриваме и да се бориме против нелегалните активности на и надвор од нашите платформи и да соработуваме со властите за спроведување на законот за таквите прашања Твојата согласност (каде што се обработуваат чувствителни податоци или друг вид податоци за кои е потребна согласност) | Податоци за корисничката сметка Податоци за профилот Содржина Податоци за купување Податоци за трети страни Податоци за службата за корисници Податоци за користење Технички податоци Податоци за лицето Податоци за лична карта Увиди и согледувања |
За да ги испочитуваме важечките закони, да ги воспоставиме, оствариме и одбраниме правните барања и права, вклучувајќи и за: Зачувување на податоци за почитување – и евидентирање на почитувањето – на важечките закони Поддршка на истраги и одбрана во потенцијални или тековни парници, регулаторни тужби или спорови Oдговарање на барања од страна на органите за спроведување на законот, судовите, регулаторните тела и други трети страни Пријавување на незаконска или содржина која крши авторски права во органите за спроведување на законот или други надлежни органи Воспоставување, остварување или одбрана на тековни тужби или опомени пред тужба Споделување податоци со органите за спроведување на законот или партнерите за борба против навредливо или незаконско однесување | Наш легитимен интерес: Во наш легитимен интерес е да се придржуваме до важечките закони и да се заштитиме себеси, нашите членови и другите, вклучително и како дел од истраги, правни постапки и други спорови За заштита на вашите и на суштинските интереси на другите членови За почитување на законските обврски што се однесуваат на нас, како што е одговарање на барања за информации од страна на органите за спроведување на законот | Категориите на споделените податоци ќе се разликуваат врз основа на специфичните околности околу секоја обврска, суштински интерес или спор |
5. Како ги споделуваме податоците
Нашата цел е да ви помогнеме да развиете значајни врски, па затоа, некои од вашите информации се видливи за другите членови на нашата услуга. Исто така, споделуваме податоци со даватели на услуги и партнери кои ни помагаат во пружање на услугата, со други компании на Match Group за причините спомнати подолу и во некои случаи, поради правни и слични причини. Продолжете да читате за повеќе детали.
Приматели | Причини за споделување | Категории на лични податоци |
Други членови | Споделувате податоци со другите членови кога доброволно откривате информации на услугата видливи за другите (на пример, вашиот јавен профил). Ова значи дека твоите податоци ќе бидат видливи за другите корисници на апликацијата и може да се споделат кога релевантни и соодветни во други Tinder комуникации, како што е споделување на моментален изглед на профилот по е-пошта или други известувања до потенцијални споеви. Ако некој поднесе пријава која ве вклучува вас (како на пример, ако тврди дека ги имате прекршено нашите Услови за користење), можно е на пријавувачот да му пренесеме какви мерки, ако сме презеле, се преземени, како резултат на пријавата. Истото ваши и ако поднесете пријава која вклучува друг член. Ако друг член побара копија од неговите лични податоци, може да ги добие пораките што ги пративте до него. | Податоци за профилот Содржина Податоци за друштвени мрежи Податоци за трети страни Податоци за службата за корисници Податоци за користење Увиди и согледувања |
Даватели на услуги/партнери | Споделуваме податоци со добавувачи и партнери кои ни даваат помош да раководиме со, да ја промовираме и да ја подобриме нашата услуга. Тие нè снабдуваат со услуги како хостинг и одржување на податоци, аналитика, грижа на клиентите, маркетинг, рекламирање, обработка на плаќања и поврат на средства, законска поддршка и безбедносни операции. Конкретно, може да ги користиме Фејсбук алатките, како што се Фејсбук најава, Пиксел, социјалните додатоци и Фејсбук SDK за апликација на настани. Кога ги користиме овие алатки сме заеднички контролори на податоци со Мета Ирска. За повеќе информации за начинот на кој Фејсбук ги обработува вашите податоци и ви овозможува да ги остварувате вашите права, видете ја Политика на приватност на Мета Ирска .. Каде што тоа е дозволено со важечки закони, може да споделуваме податоци со партнери (како компании кои се соочуваат со слични закани), а и тие може да споделуваат податоци со нас, кога тоа е неопходно за промовирање на безбедноста, сигурноста и интегритетот на нашата услуга, нашите членови, нашите вработени и другите. | Во зависност од услугата што ја обезбедува добавувачот или партнерот, тоа може да вклучува: Податоци за корисничката сметка Податоци за профилот Содржина Податоци за купување Податоци за маркетинг, анкети и истражувања Податоци за трети страни Податоци за службата за корисници Податоци за друштвени мрежи Податоци за користење Технички податоци Увиди и согледувања Податоци за геолокацијата Податоци за геометрија на лице Податоци за лична карта |
Рекламни партнери | Објавуваме реклами на нашата услуга за производи и услуги кои ги нудат трети лица и објавуваме реклами на веб-локации и апликации на трета страна со цел промоција на нашата услуга. За да се подобри релевантноста на овие реклами, даваме одредени информациии за вас на трети страни, вклучувајќи рекламни партнери, или им дозволуваме да собираат вакви податоци од нашите услуги (преку колачиња, комплети за развој на софтвер (SDKs), или слични технологии). Некои од нашите рекламни партнери ни овозможуваат да ги преобразиме вашите е-пошта, рекламни идентификатори или телефонски број во идентификатор што не може да се користи за да ве идентификува лично и потоа да го користиме тој единствен идентификатор за да ве исклучиме од нашите маркетинг кампањи, или да таргетираме реклами на публика која е слична на вас во однос на позадина, Интереси или употреба на апликација. | Податоци за корисничката сметка Податоци за профилот Податоци за користење Технички податоци Увиди и согледувања |
Подружници | Споделуваме податоци со подружници или добиваме податоци од нив за целите наведени во Ставка 6 од оваа политика. | Категориите на податоци ќе се разликуваат врз основа на причината за споделување, но може да вклучуваат: Податоци за корисничката сметка Податоци за профилот Содржина Податоци за купување Податоци за маркетинг, анкети и истражувања Податоци за трети страни Податоци за службата за корисници Податоци за друштвени мрежи Податоци за користење Технички податоци Увиди и согледувања Податоци за геолокацијата Податоци за лицето Податоци за документ за идентификација |
Органи за спроведување на законот | Може да ги откриеме вашите податоци за: (а) почитување на правен процес, како судска наредба, судски налог или налог за претрес, владина истрага или истрага на службите за спроведување на законот или други законски барања; (б) соработка во спречување или откривање на злочин; или (в) штитење на безбедноста на кое било лице; и (г) воспоставување, остварување или бранење на правни барања. | Категориите на споделените податоци ќе се разликуваат врз основа на специфичните околности околу тоа барање, но често може да вклучуваат: Податоци за корисничка сметка Податоци за профилот Содржина Податоци за купување Податоци за службата за корисници Податоци за трети страни Податоци за друштвени мрежи Податоци за користење Технички податоци Податоци за геолокацијата Податоци за документ за идентификација |
Во контекст на спојување и преземање, со нашите подружници или нов/и сопственик/ци | Може да ги пренесеме вашите податоци ако сме вклучени, целосно или делумно, во спојување, продажба, преземање, дивестиција, реструктурирање, реорганизација, расформување, банкротирање или друга промена во сопствеништвото или раководството. | Категориите на споделените податоци ќе се разликуваат врз основа на видот на корпоративна трансакција. Може да ги вклучуваат податоците на целата организиција или специфична поткатегорија како Податоци за купување. |
Кога се користи функционалноста за споделување профил | Можете да ги споделувате профилите на другите членови и тие можат да го споделуваат вашиот со луѓе надвор од нашата услуга, користејќи ја опцијата за споделување. Кога користиш опцијата Сподели ја мојата средба, можеш да избираш да ги споделиш информациите од профилот на твоите споеви и деталите од претстојните средби со други членови на Tinder и со трети страни надвор од платформата. Тие можат да направат исто со твоите детали. | Податоци за профилот Содржина |
6. Како компаниите на Match Group соработуваат
Tinder е дел од семејството бизниси на Match Group.
Споделуваме податоци за вас со поврзаните компании и тие споделуваат податоци за вас со нас, од причините наведени подолу:
За да се зголеми безбедноста на сите платформи на Match Group, на пример за да пребаруваме и идентиификуваме лица кои се однесуваат непримерно и начинот на кој се однесуваат на платформите на Match Group, како и за да се осигураме дека, доколку такво лице биде пронајдено на некоја од платформите на Match Group (на пример, на нашата), на тоа лице ќе му биде забранет пристап до сите платформи.
Да си помагаме едни на други, како даватели на услуги, во операциите за обработка на податоци, како што се хостирање и одржување на податоци, грижа за корисници, маркетинг и насочено рекламирање, анализа, финансии и сметководство, правна поддршка, обработка на плаќања, подобрување на услугите, безбедност на податоците и борба против спам, злоупотреба, измама и други погрешни постапки.
Да ви предложиме соодветни и значајни врски преку развој или подобрување на основните системи за препораки на брендовите на Match Group.
За да ви ги зголемиме шансите за градење значајни врски со другите, може да бидете видливи на другите услуги на Match Group или може да ви овозможиме да имате корист од меѓуплатформските функционалности.
Онаму каде што е законски дозволено, за подобро да разбереме како луѓето општо ги користат услугите на Match Group, за да ви го персонализираме искуството на услугите на Match Group и да ги подобриме кампањите за маркетинг и за рекламирање.
За други легитимни деловни цели вклучувајќи и корпоративна/консолидирана ревизија, анализа и известување.
Дознајте повеќе за тоа како компаниите на Match Group соработуваат.
7. Прекуграничен пренос на податоци
Поради глобалното работење, споделувањето на податоците што е утврдено во Дел 5 вклучува прекугранична размена на податоци до подружниците и до давателите на услуги (други трети страни) во трети земји кои имаат различни закони за приватност. Кога пренесуваме лични податоци во трета земја, користиме соодветни механизми. На пример, се потпираме на:
Одлуките за соодветност издадени од Европската комисија или од други надлежни органи според важечките закони. Пренесуваме лични податоци до подружниците за да вршиме важни функции, како што е наведено во Дел 6, со складирање, пристапување или на друг начин обработување на податоците и до трети лица во земји со одлуки за соодветност за целите наведени во Дел 5.
Стандардните договорни клаузули издадени од Европската комисија или од слични договорни механизми за пренос на податоци одобрени од други надлежни органи според важечките закони. Овие договорни механизми за пренос на податоци се обврски помеѓу компаниите кои пренесуваат лични податоци, кои ги обврзуваат да ја заштитат доверливоста и безбедноста на податоците и да обезбедат соодветно ниво на заштита во трети земји. Се потпираме на такви механизми за пренос на лични податоци до подружниците заради вршење важни функции, како што е наведено во Дел 6, со складирање, пристапување или на друг начин обработување на податоците, како и до трети лица за целите наведени во Дел 5 во земји без одлуки за соодветност, како што се Соединетите Американски Држави. Контактирајте со нас за копија.
8. Вашите права
Сакаме да имате контрола врз своите податоци, па ве потсетуваме на следните права, опции и алатки што ви се на располагање. Во зависност од тоа каде живеете, овие права можеби не се однесуваат на вас или можеби имаат поинакво име. Ако имате некакви прашања за своите права и за тоа како да ги остварите, обратете ни се тука.
Вашите права | Како да ги остварите |
Пристап, пренос или право на информираност Право на информираност за личните податоци кои ги обработуваме за вас и/или право да побарате копија | Може да пристапите или директно да прегледате некои од податоците со тоа што ќе се најавите на корисничката сметка. Исто така, може да добиете копија од податоците следејќи го процесот објаснет тука. |
Исправка или корекција Право да ги измените или ажурирате авоите лични податоци кога се неточни или нецелосни | Може да ги ажурирате податоците директно во услугата ажурирајќи го профилот. Доколку сакате да исправите други податоци, обратете ни се тука. |
Отстранување или трајно бришење Право да ги избришете личните податоци | Може да избришете некои од податоците што ни ги имате дадено директно во услугата. Исто така, може да ја затворите корисничката сметка како што е објаснето тука и ќе ги избришеме податоците како што е утврдено во оваа Политика на приватност. Во секој случај, секогаш може да ни се обратите тука. |
Приговор (повлекување согласност) или ограничување Право да поднесете приговор за обработката на личните податоци или да побарате привремено или трајно да престанеме да ги обработуваме вашите лични податоци | Може директно да ја повлечете согласноста за некои од обработките на личните податоци во подесувањата на корисничката сметка. Или, пак, може да ни се обратите тука ако сакате да доставите приговор или да ограничите обработување на податоци наведено во оваа Политика на приватност. |
Повлекување согласност | Може директно да ја повлечете согласноста што ни ја имате дадено со ажурирање на подесувањата на корисничката сметка или со отстранување на дозволите на уредот кои ги имате одобрено во подесувањата на уредот (на пр. пристап до одредени типови податоци за уредот како телефонски контакти, слики, идентификатори за рекламирање и услуги за локација или согласност да добивате пуш известувања). Ако повлечете согласност, некои услуги може да престанат да функционираат. Секогаш може да ни се обратите тука за повеќе информации. |
Повлекување од насочено рекламирање, "Продажба" и "Споделување" Доколку живеете во Соединетите Американски Држави, може да се повлечете од активностите кои може да влегуваат во правните дефиниции за „насочено рекламирање“, „продажба“ или „споделување“ според важечките закони, ако ги користиме вашите податоци за такви цели. | Ако ги „продаваме“ или „споделуваме“ податоците или ги користиме за „насочено рекламирање“, ќе обезбедиме можност за повлекување од оваа активност во врската „Избори за приватност“ во подножјето на веб-страницата и во менито „Подесувања“ на апликацијата. Соодветно прилагодете ја опцијата „Продажба или споделување лични информации“ за да ја повлечете согласноста. Каде што е применливо, овластените застапници може да доставуваат барања за повлекување на согласноста во име на клиентите овде. |
За ваша заштита и заштита на сите наши членови, може да ви побараме информации за да го потврдиме идентитетот или овластувањето да дејствувате во име на некој член пред да можеме да одговориме на горенаведените барања. Не би сакале никој друг да стекне контрола над вашите податоци!
Имајте на ум дека може да одбиеме барања, доколку не можеме да ви го потврдиме идентитетот, ако барањето е назаконско или невалидно, или ако може да ги наруши деловните тајни или интелектуалната сопственост, приватноста или другите права на некој друг. Ако сакате да добивате информации кои се однесуваат на некој друг член, другиот член ќе треба сам да поднесе барање.
Ако се наоѓате во Бразил, обратете ни се преку е-поштата: dpobrazil@gotinder.com
Ако сте жител на Индијана, Кентаки, Род Ајленд, Мериленд, Тенеси, Минесота, Делавер, Ајова, Небраска, Њу Хемпшир, Њу Џерси, Тексас, Орегон, Монтана, Вирџинија, Колорадо или Конектикат, САД, ако го одбиеме барање за приватност, може да поднесете жалба со тоа што ќе ни се обратите и експлицитно ќе се повикате на „Жалба за барање за приватност“. Доколку сте загрижени за исходот од жалбата, може да се обратите до државниот правобранител во својата сојузна држава.
Во одредени земји, вклучително и во Европската економска област и во Обединетото Кралство, имате право на судски правен лек и да поднесете жалба до соодветниот орган за заштита на личните податоци доколку сте загрижени за тоа како ги обработуваме личните податоци. Може да најдете информации за надлежните органи за заштита на личните податоци во Европската економска заедница тука, а за Обединетото Кралство тука. Може да поднесете жалба кај надлежен орган за заштита на личните податоци во местото каде што живеете, работите или каде што се случило наводното прекршување.
9. Колку долго ги задржуваме вашите податоци
Сакаме врските кои ги остварувате преку нашата услуга да траат вечно, но ги чуваме вашите лични податоци само онолку долго колку што ни се потребни за легитимни деловни цели (опишани во Ставка 4) и како што е законски дозволено.
Ако одлучите да престанете да ја користите нашите услуги, можете да ја затворите вашата корисничка сметка и вашиот профил повеќе нема да биде видлив за другите членови во апликацијата. Ако креирате нова корисничка сметка користејќи ги истите иницијали во рок од 90 дена, ќе вратиме некои податоци за да ви помогнеме да започнете побрзо. Вашата корисничка сметка ќе ја затвориме автоматски ако нема активност во период од две години.
Откако ќе ви се затвори корисничката сметка, ќе ги избришеме вашите лични податоци, како што е опишано подолу:
За да се заштити безбедноста и сигурноста на нашите членови, применуваме период на безбедносно чување на податоци од три месеци по затворање на сметката, или една година по забрана за пристап на корисничката сметка. Во текот на овој период, ги чуваме вашите податоци во случај да се потребни за да се истражат незаконски или опасни однесувања. Ова чување на податоци во текот на овој период на безбедност чување се базира на нашиот легитимен интерес, како и на интересот на потенцијалните жртви.
Одржуваме ограничени податоци за да ги почитуваме законските обврски за чување на податоци: конкретно, 10 години чуваме податоци за трансакции во согласност со даночните и сметководствените законски барања, информации за кредитна картичка за период додека корисникот може да ја оспори трансакцијата и „податоци за сообраќај“ / записи од една година за да се испочитуваат правните обврски за чување податоци. Исто така, пет години ги чуваме податоците за согласноста која членовите ја даваат, како доказ дека го почитуваме законот.
Чуваме ограничени податоци врз основа на наш легитимен интерес: чуваме податоци за вашата комуникација со грижа на корисници 6 години од датумот на комуникацијата, извештаи и податоци за корисничка поддршка, како и непрецизна локација на преземање/купување за период од пет години за да се поддржат нашите напори за безбедност, да се поддржат нашите одлуки за грижа на клиентите, да ги оствариме нашите права и да можеме да се одбраниме во случај на спор, информации за постоење на минати Корисничка сметка и претплата три години по затворање на последната корисничка сметка за да се обезбеди соодветно и точно финансиско предвидување и известување, податоци за профилот од една година во очекување на потенцијални спорови, за воспоставување, вежбање или одбрана од правни барања, како и податоци потребни за да се спречат членови на кои им бил забранет пристап да отворат нова Корисничка сметка, колку што е потребно за да се осигура безбедноста и суштинските интереси на нашите членови .
Податоците од лицето се бришат во рок од 30 дена, освен ако ими заради усогласеност со некоја законска обврска или заради безбедност и сигурност на услугата и на корисниците, онолку колку што тоа е дозволено со важечкиот закон. Можете да дознаете повеќе за тоа како Tinder обработува и чува податоци за лице во известувањето кое се однесува на секоја карактеристика, поврзана во горниот дел 3.
На крај, чуваме податоци врз основа на наш легитимен интерес кога има нерешен или потенцијален проблем, барање или спор поради кои треба да ги чуваме податоците (особено ако добиеме валидна покана за на суд или барање да зачуваме податоци (во тој случај, треба да ги чуваме податоците за да ги исполниме нашите законски обврски), или ако тие податоци би биле потребни во судски постапки.
Доколку е соодветно и како што е правно дозволено, можеме да одржуваме и користиме податоци кои сами по себе не можат да се идентификуваат или конкретно да ви се припишат за целите опишани во оваа Политика на приватност, вклучително и за подобрување на нашата услуга и креирање нови функции, технологии и услуги, вклучително и преку машинско учење, и одржување на безбедноста на услугите на Match Group.
Напомена: Доколку вашата Корисничка сметка е суспендирана, вашиот профил не е видлив на Tinder, но продолжуваме да ги чуваме вашите податоци бидејќи вашата Корисничка сметка повторно ќе се активира по истекот на периодот на суспензија. Во тој момент, можете да продолжите да го користите Tinder или да ја избришете сметката ако сакате. Исто така, можете да нè контактирате за да побарате бришење на вашата Корисничка сметка и податоци пред да заврши суспензијата. Штом ќе се затвори сметката, вклучително и ако не се најавите две години по периодот на суспензија, вашите податоци се бришат како што е опишано погоре.
10. Приватност на децата
Само лица кои имаат 18 или повеќе години смеат да ги користат нашите услуги. Не дозволуваме лица под 18 години на нашата платформа. Ако се сомневате дека некој член има помалку од 18 години, ве молиме употребете ја опцијата за пријавување достапна на нашата услуга. Можете да дознаете повеќе за практиките за верификација на возраст на Tinder тука.
11. Промени во Политиката на приватност
Оваа политика ќе се менува со текот на времето. Секогаш сме во потрага по нови и иновативни начини да ви помогнеме да создадете значајни врски и се трудиме објаснувањата за нашите практики на податоци да се ажурираат. Пред одредени значајни промени да влезат во сила, ќе ве известиме за да имате време да ги разгледате.
12. Како да нè контактирате
Ако имате прашања за оваа Политика на приватност или сакате да поднесете жалба, имате различни опции подолу:
Ако живеете во Европската економска зона:
Онлајн: тука
По пошта:
Службеник за заштита на податоци
MTCH Technology Services Limited
Tinder
1 Hatch Street Upper
Dublin 2
Dublin
D02 PY28
Ireland
Ако живеете во Обединетото Кралство:
Онлајн: тука
По пошта:
Застапник за Општата уредба за заштита на податоци (GDPR) во Велика Британија: Prighter Group
20 Mortlake Mortlake High Street,
Лондон, SW14 8JN,
United Kingdom
Сертификат за застапување во Велика Британија и детали за застапникот тука.
Ако живеете во Швајцарија:
Онлајн: тука
По пошта:
Prighter Group GmbH
Obergrundstrasse 17,
6002 Luzern,
Switzerland
Сертификат за застапување во Швајцарија и детали за застапникот тука.
За повеќе информации за тоа како да го контактирате службеникот за заштита на податоци, кликнете тука
Ако живеете во Јапонија:
Онлајн: тука
По пошта:
Службеник за заштита на податоците
MG Japan Services GK
c/o Tinder, LLC
8750 North Central Expressway
Suite 1400
Dallas, TX 75231
United States
Ако живеете во Бразил:
Контролор на податоци: GEP Soluções em Compliance
Одговорно лице: Maurício José Ribeiro Rotta
Испратете е-пошта на: dpobrazil@gotinder.com
Ако живеете во Канада:
Онлајн: тука
За информации за тоа како може да стапите во контакт со Одделот за заштита на податоци на Tinder, видете ги ЧПП тука.
По пошта:
Службеник за заштита на податоци
Tinder, LLC
8750 North Central Expressway
Suite 1400
Dallas, TX 75231
United States
Ако живеете надвор од Европската економска област, Обединетото Кралство, Швајцарија, Канада, Јапонија и од Бразил:
Онлајн: тука
По пошта:
Службеник за заштита на податоци
Tinder, LLC
8750 North Central Expressway
Suite 1400
Dallas, TX 75231
United States
Па, тоа е тоа! Дојдовте до крајот на Политиката на приватност. Се надеваме дека ви го задржа вниманието и беше јасна колку што се обидовме да биде. Сега, ајде да почнеме да создаваме спомени! Возбудени сме што сме на ова патување со вас.