Политика на приватност за податоци за здравјето на потрошувачите
Оваа Политика на приватност за податоци за здравјето на потрошувачите е додаток на Политиката на приватност и е наменета само за жителите на Вашингтон и Невада.
Собирање и користење на податоци за здравјето на потрошувачите
Не веруваме дека собираме „податоци за здравјето на потрошувачите“ и не ги користиме податоците што ги собираме за да го идентификуваме вашиот минат, сегашен или иден физички или ментален здравствен статус ниту за да носиме заклучоци за него. Но, бидејќи во некои јурисдикции поимот „податоци за здравјето на потрошувачите“ има многу широка дефиниција, информациите кои можеме повремено да ги собираме од вас или за вас може да се сметаат за „податоци за здравјето на потрошувачите“ според законите во тие јурисдикции. Како и другите податоци што ги собираме, главната причина за користењето на овие информации е да ви ја обезбедиме услугата и да ви помогнеме да се поврзете со други членови.
Како ги објавуваме податоци за здравјето на потрошувачите
Mожеме да споделиме информации за здравјето на потрошувачите со следните категории трети страни кога е потребно за горенаведените цели:
Други корисници. Споделувате информации со другите корисници кога доброволно откривате информации на услугата што другите можат да ги видат (на пример, вашиот јавен профил).
Даватели на услуги. Споделуваме информации со снабдувачите кои ни помагаат да ја водиме услугата. Тие ни обезбедуваат услуги како хостирање и одржување податоци, грижа за корисници и безбедносни операции.
Подружници. Може да споделуваме информации со поврзани субјекти кои ни помагаат во обработката на податоците, како даватели на услуги. Оваа помош може да вклучува операции за обработка, како што се хостирање и одржување податоци, грижа за корисници, безбедност на податоците и борба против спам, злоупотреба, измама и други престапи.
Страни во корпоративна трансакција. Може да ги откриеме вашите информации ако сме вклучени, целосно или делумно, во спојување, продажба, преземање, дивестиција, реструктурирање, реорганизација, расформирање, банкротирање или друга промена во сопственоста или во раководството.
Органи за спроведување на законот/правни процеси. Може да ги откриеме вашите податоци за: (а) да се придржуваме до некој правен процес, како судска наредба, судски налог или налог за претрес, владина истрага или истрага на службите за спроведување на законот или други законски барања; (б) соработка во спречување или откривање на некое кривично дело, или (в) штитење на безбедноста на некое лице; и (г) воспоставување, остварување или бранење на правни побарувања.
Вашите права
Правата за приватност според важечкото законодавство може да ги остварите со поднесување барање до тимот за грижа за корисници тука.